Топ
Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко
Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските Водопади во близина на с. Габрово, Струмичко.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога 38-годишниот возач изгубил контрола над автомобилот „бмв“ и излетал од патот.
Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот Д. Д. (33) од с. Моноспитово по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде што починал. Телесни повреди добиле возачот и уште двајца сопатници, М. Г. (36) и С. С. (35), двајцата од с. Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија
„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Сарај.
Според него, изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Граѓаните треба да сфатат дека одлучуваме за иднината на државата и затоа треба да излезат и да гласаат, рече Ковачевски.
„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со сценарија кои сме ги гледале во минатото во нашата држава. Тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Тоа е сигурен пат кон изолација наредната декада или не дај Боже за цела една генерација. И овие тензии што сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Како што гледаме, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.“
Ковачевски истакна дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина никогаш нема да се откажат од членството во ЕУ затоа што само така како држава ќе успееме да изградиме подобро образование, поквалитетно здравство, поефикасно владеење на правото, поцврста борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.
Македонија
Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале
„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако и јас можам да бидам по вицкаст, јас ќе бидам само реален и ќе изнесам факт“, напиша Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи.
„Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наследи општина со 200 милиони денари на жиро сметка, клубот МЗТ со 6 милиони денари и 18 милиони денари потпишани договори кои треба да легнат на сметката на клубот во наредниот период.
Денес општина Аеродром не може да си ги плати обврските према добавувачите и изведувачите, има проблеми со исплта на плати. На МЗТ му ветуваше брда и долини, а сега доцни со плати.
Веројатно колегата мисли дека високиот резултат на нивниот претседателски кандидат е како плод на неговото домкинско и успешно работење и дека овие 12.000 гласа разлика во однос на другиот кандидат се резултат на неговото управување, но реалноста е дека следниот градоначалник по него нема да може да ја оправи некогаш најсолвентната општина. Заради колосалните успеси во локалната самоуправа сега се гребе за функција во влада.
Веројатно тактиката му е добра зошто градоначалничката фотеља е жешка, бара да бидеш добар менаџер, да имаш трпение во работата со граѓаните и да наоѓаш решение за нивните проблеми.
Ова е пре тешка работа за него, а големите партии се познати што и на помалку успешните им наоѓаат ангажман.
Паролата „И неспособните со нас успеваат“ им е својствена само нив.
За разлика од него, јас наследив 330 милиони денари блокирана сметка, а денес на истста има 60 милиони денари и нема долг ниту еден денар.
Тој работи со мнозинство со советот, а јас без мнозинство и со опструкции.
Од синоќешните резултати јас бев шокиран од нискиот број на гласови, а неговата партија пак од преголемиот број на гласови. Но, прв излегов го признав поразот и честитав на водството на нивниот кандидат.
Како што доликува на еден претседателски кандидат.
За разлика од мене тие пред очите на цела македонска јавност излегоа во алкохолизирана состојба, ги валкаа зборовите и едвај го прочитаа тоа што го напишале. Јас знам да се носам и со победите и со поразите. Нив, власта секогаш ги опијанува, а мене никогаш“, додаде Јакимовски.
Македонија
Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера
Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина. Народот не сака да биде под јаремот на стотина души од ДУИ со држава дадена на услуга на Али Ахмети, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Струга во рамки на претседателските и парламентарни избори.
Мицкоски порача дека народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.
„Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Им доаѓа крајот, цунамито се крена, а потресот го направивте вие народот на Македонија и ви благодарам за тоа“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски им порача на СДСМ и Ковачевски да не се чудат што ги снашло, односно како што рече тој нека не се чудат јас ќе им одговорам, ги снашол народ.
„Нека не се чудат што ги снашло. Јас ќе им дадам одговор. Ги снашол народ“, порача Мицкоски.
Мицкоски додаде дека вчерашниот резултат е одговор за предавствата, аферите, криминалот и понижувањата на Македонија и граѓаните од владата на СДСМ и ДУИ.
„Изборите вчера беа одговор за тоа што ја одземаа контролата на државата затоа што донесоа предавства понижувања и криминал. Затоа што направија 600.000 луѓе да живеат само со 150 денари на ден, 80.000 ги оставија во тешка сиромаштија. Направија да сме на врвот во Европа по инфлација и криминал, тешко се живее. Тоа оди се на контото на Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски“, рече тој и додаде:
„Што се не се случи овие години, рекети, скандали, афери, Соравии, запалени болници, превртени автобуси, крах при ковид кризата, печалење од болните на Онкологија, за кој нема одговорност. Сето тоа е начинот на кој владее оваа власт. Одговорот стигна вчера. Дупла победа во Струга против Стево Пендаровски и СДСМ“.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план и програма Платформа 1198 со која ќе ја трансформира Македонија напред и вели дека работата се уште не е завршена, односно дека финалето следува на 8 мај каде што граѓаните ќе треба да дадат црвен картон на владата.
„Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добија црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада“, нагласи Мицкоски.