Црна хроника
Жена тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје
Вчера, во 9.30 часот, било пријавено дека на улицата Боро Кралевски во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ситроен“, со скопски регистарски озанки, управувано од Г. Ј. (46) од Скопје, и „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В. З. (44) од Скопје. Во незгодата тешки телесни повреди добила Г. Ј., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино
Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа.
Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј. (76) – двајцата од селото Марино.
Нивниот автомобил, излетал од патот кај местото викано „Ракле“ и паднал во Крива река.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале и возачот и сопатничката, велат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Топ
Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица
Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска улица, потврди МВР.
Убиениот е 29-годишен скопјанец, кој заедно со уште едно лице на 19-годишна возраст, исто така од Скопје, биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош, 29-годишникот, кој бил примен во тешка состојба, им подлегнал на повредите.
„На 26.5.2024, околу 23.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеватот Никола Карев во Скопје имало пукање“, информираат од МВР.
„Во 23.45 часот од Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т. А. (24) од Скопје. Во 23.51 часот од комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О. Б. (19) и А. И. (29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот, на 27.5.2024, А. И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Полицијата им ги зема возачките дозволи на 5 возачи кои управувале автомобили под дејство на алкохол
На 25/26.05.2024 година од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.