Црна хроника
Приведен турски државјанин за илегален транспорт на девет мигранти кај Богданци
Синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р. (20) од Република Турција поради сомнение дека илегално транспортирал мигранти на локалниот пат Стојаково-Богданци.
Според полициските информации, околу 22:00 часот, при извршен преглед на патничко возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Р., биле пронајдени девет мигранти. Од нив, седум биле државјани на Ирак, додека двајца биле од Сирија.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Од МВР велат известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од СВР Тетово за „Макфакс“.
Топ
Автомобил падна во Вардар, четиригодишно дете пренесено на Клиника
Попладнево во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар.
Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
На лице место е и јавен обвинител.
Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар информираат од МВР за „Макфакс“.
Црна хроника
Повредени две жени, возило удри во метална ограда на патот Градско – Неготино
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.