Црна хроника
Тешко повреден скопјанец, со тротинет удрил во пешак
На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени бегалци од затвор
Денеска околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор. Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови.
Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година.
Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.
Топ
Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река
Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.
Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.
Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.
Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.
Црна хроника
Пронашла платежна картичка и си пазарела: кривична за прилепчанка
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ц. (49) од Прилеп.
Таа се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.