Контакт

Daily news

Абортирало 13-годишно девојче од домот „25 Мај“, кое повеќепати било силувано

Објавено пред

Тринаесетгодишна ромска девојка вчера морало да абортира бидејќи забременила по сексуалното малтретирање на кое била изложена како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) денеска алармира за случајот и ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна медицинска грижа за да се осигурат нејзиното психолошко и физичко здравје и безбедноста, како и да се врати во нејзиното ромско семејство од кое била принудно одземена во 2012 година поради сиромаштија.

dobivaj vesti na viber

„Девојчето е трауматизирано по постапката, на која на родителите не им било дозволено да присуствуваат спротивно на нејзината искажана желба. Надлежните институции не презеле никакви мерки да им помогнат на неа и на нејзиното семејство за да излезат од сиромаштија ниту, пак, го признале сопствениот неуспех да ја заштитат малолетничката од сексуално малтретирање додека престојувала во државна институција“, велат од ЕЦПР.

На 1 март 2017 година ЕЦПР добил информација од нејзините родители дека девојчето исчезнало од домот „25 Мај“. „Одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција ниту на нејзините родители. Според нејзиното сведочење, пред откриеното сексуално малтретирање, девојката била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во својот дом во друг град. Таму таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Успеала да избега по 30 дена и да се качи на автобус за Скопје, а полицијата ја нашла на Бит-пазар“, наведуваат од организацијата.

Како што додаваат од ЕЦПР, девојчето опишало дека претходно било однесено во детски летен камп во Струга, заедно со други деца од државниот дом за згрижување. Таму непознат маж сексуално ја малтретирал пред да биде вратена назад во Скопје. Кога ги пријавила овие малтретирања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните.

Потоа, како што се наведува во соопштението, девојката била пренесено во друга државна институција за згрижување – „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде што открила дека останала бремена како резултат на сексуалното насилство.

„ЕЦПР доби слични сведочења од две ромски сестри, кои исто така се штитенички на домот за згрижување деца „25 Мај“, на возраст од 16 и 13 години. И тие често исчезнувале од домот за згрижување деца и на сличен начин нивните исчезнувања не биле пријавени во полиција или кај родителите. Според нивните искази, постар маж, кој се идентификувал како вработен во Центарот за социјална работа, ги земал од домот за згрижување и ги однел на старата железничка станица во Скопје, каде што врз нив извршил сексуално малтретирање. Нивната мајка го пријавила случајот во полиција и ги однела на гинеколог, кој заклучил дека девојките навистина биле жртви на сексуално насилство“, се вели во соопштението.

Врз основа на овие три случаи, ЕЦПР ги поддржува родителите на овие девојки во поведување судска постапка против државниот дом за згрижување деца „25 Мај“, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Министерството за труд и социјална политика. „Исто така, вложуваме напори сестрите да бидат вратени кај својата мајка, како што е наложено во судската одлука од 26 јануари 2018 година. Центарот за социјална работа одбива да ја почитува оваа одлука на судот и ЕРРЦ поднесе жалба пред Министерството за труд и социјална работа“, наведува организацијата.

„Во најдобар случај одговорните лица од овој дом за згрижување деца биле небрежни во однос на сексуалното малтретирање што се случувало таму, а во најлош случај тие се соучесници во делото“, рече претседателот на ЕРРЦ, Ѓорѓе Јовановиќ, според кој, овие девојки и нивните семејства се исклучително храбри во своите напори да ги изведат пред суд одговорните што дозволиле ова да се случува.

Според барањето за слободен пристап до информациите што го испрати ЕЦПР, две третини (22 од вкупно 32) од децата што се штитеници на домот за згрижување деца „25 Мај“ се од ромско етничко потекло. Доказите за систематско сексуално малтретирање на ромските деца во оваа институција упатуваат на фактот дека сите овие деца се во опасност сè додека властите продолжуваат да го игнорираат она што се случува. Македонската влада продолжува да ги виктимизира ромските семејства што живеат во сиромаштија со тоа што не успева да поведе истрага за нивната добросостојба и со тоа што останува слепа на малтретирањата. Во меѓувреме, денес, во Скопје има една уплашена 13-годишна девојка на која ѝ е потребна итна медицинска, финансиска и семејна поддршка поради неуспехот на државните институции за згрижување да ја заштитат, апелираат од ЕЦПР.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Приведен криумчар на мигранти, ги сокрил во бункер меѓу кабината и товарниот дел

Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица...

Регион4 часа

Вучиќ за Си-ен-ен:„Ги ценам извештаите од Белата куќа, но не се секогаш точни“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Си-Ен-Ен зборуваше се случувањата во Бањска на 24 септември. На почетокот тој рече...

Свет5 часа

Тајни документи го открија американскиот план за Украина

Според доверливите материјали, целите на САД во Украина варираат од спроведувањето на протоколите и стандардите на НАТО до приватизација на...

Македонија7 часа

Меџити за детето со аутизам: Било врзувано само кога било опасно за себе и другите

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека детето со аутизам, чија мајка ги обвини лекарите за нехуман третман, било лекувано...

Македонија8 часа

Заев: Пријателството меѓу Македонија и Грција и моето со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности

Експремиерот Зоран Заев објави заедничка фотографија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој денеска е во приватна посета на Струмица....

Македонија8 часа

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Потресно сведоштво на мајка се шири по социјалните мрежи. Таа ги обвини лекарите од болницата „Демир Хисар“ дека нејзиното дете...

Топ11 часа

Млад возач од Гостивар удрил во столб, па починал на пат кон скопската клиника

Во 00.45 часот, во ОВР Гостиварм било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко возило...

Македонија12 часа

Не треба преку амнестии да се ослободува простор во затворите, тие што имаат казни, да ги издржуваат, порача Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека не се согласува со предлог-законот за амнестија и дека цврсто стои на...

Топ12 часа

18-годишник загина во сообраќајна незгода на автопатот Гостивар – Тетово

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар,...

Македонија12 часа

Шефовите на дипломатиите на Хрватска, Австрија и на Словенија: Западен Балкан во ЕУ што е можно побргу

Западен Балкан треба да се интегрира во ЕУ бидејќи тоа е најдобриот начин да се стабилизира ситуацијата во тој дел...

Македонија12 часа

Министерот ќе бара учебници да се доставуваат и в сабота и в недела, шестоодделенците денес почнаа да ги добиваат  

Во октомври, наместо во септември, шестоодделенците почнаа да добиваат учебници. Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека денес почнала дистрибуцијата...

Македонија13 часа

(Видео) Стоилковски: Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД, бизнис-партнер на Македонија?

„Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија...

Македонија15 часа

Спречен обид за шверцување мотоцикли и друга стока, која македонски увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да шверцува стока во вкупна вредност од 473.632 денара. Меѓу непријавената...

Регион17 часа

(Фото+видео) Косовската полиција објави снимки од српските напаѓачи

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свеќља, на прес-конференција изјави дека целта на нападот во Бањска била анексија на северот...

Македонија17 часа

Протест за скандалот на Онкологија: измените во Кривичниот законик нема да ги аболираат инволвираните од нивните злосторства ако ние тоа не го дозволиме

Денеска, во 18 часот, пред Владата повторно ќе се одржи протест за скандалот на Клиниката за онкологија. Протестот пред Владата...

Свет18 часа

(Видео) Во Мексико се урна покрив на црква за време на миса, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени, вчера, во Мексико, кога покривот на црквата се урна за време на...

Топ1 ден

Скопјанецот кој уби човек во Хром и го запали во станот може да добие доживотен затвор, мајката што донела бензин помала казна

Скопјанецот кој минатата недела со над 45 убоди усмрти човек во Хром и го запали станот заедно со мајка му...

Топ1 ден

Полицијата го уапси скопјанецот кој уби човек во Хром и со мајка му го запалија во станот за да ги сокријат трагите

Полицијата денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, го уапси 39-годишниот А.Д. од Скопје, за кого пред два...

Билтен1 ден

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над...

Македонија1 ден

Ристески: 200 студенти на само ден пред почетокот на академската година без сместување во студентски

Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се...