Контакт

Daily news

Албанија: По поразот, раскол во опозиција

Објавено пред

По поразот во неделните парламентарни избори во Албанија, на кои убедливо победи Социјалистичката партија, која освои 74 пратеници од вкупно 140, во најголемата опозициска партија Демократската партија, која доживеа фијаско и освои само 43 пратенички мандати, има голем раскол.

Дописникот на Макфакс од Тирана јави дека претседателот на Демократите, Лулзим Баша, не дава оставка и покрај големите барања во партијата, во рокот за нов лидер на партијата кој трае до недела прв се јави како кандидат некогашниот претседател на ДП, Едуар Селами, кој беше прв човек на партијата во времето кога Сали Бериша беше претседател на Албанија.

Селами, кој последните години живееше во САД, изјави дека во партијата се потребни длабоки реформи, кои според него бараат ново раководство. Од друга страна, духовниот лидер на Демократите, Сали Бериша, изјави дека „сега е потребно единство во партијата, а не раскол“. Тој смета дека одговорен е Баша за поразот, но и другите околу него.

Бериша ја отфрли можноста тој да се врати на кормилото на Демократската партија, но аналитичарите наведуваат дека ќе бара за претседателската функција да конкурираат негови блиски.

Инаку, по големиот пораз на Демократската партија можни се и поголеми недоразбирања и формирање на други партии од незадоволните. На 22 јули најавен е Конгрес на демократите на кој ќе се избере ново раководство на партијата.

МН



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија3 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет3 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет4 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија4 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет5 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет6 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија15 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија18 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија21 час

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија21 час

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија22 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија23 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Досие