Контакт

Daily news

Атлетико и Барса нема да „тераат“ политика

Објавено пред

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, побара навивачите на неговиот клуб да не го искористат саботниот меч со Барселона како поле за политички протест по тензиите околу референдумот за независност на Каталонија.

Барселона доаѓа во Мадрид првпат по референдумот на 1 октомври, откако тој ден мечот против Лас Палмас на „Ноу Камп“ го играа пред празни трибини откако лигата не им дозволи да го одложат мечот.

Навивачката група на Атлетико, „Френте Атлетико“, најави дека ќе донесе огромни шпански знамиња на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ специјално за посетата на Барса. Но, натпреварот и покрај ова не е прогласен за меч од висок ризик бидејќи нема да присуствуваат навивачи на Барселона поради договорот на двата тима за распределбата на билетите.

„Сакам мечот да се одигра со ист спортски дух како и секогаш. Саботниот меч не е политичка демонстрација туку обичен фудбалски меч. Атлетико ја освои титулата на Ноу Камп во 2014 година и цел стадион ни аплаудираше, така што тоа не смееме да го заборавиме“, вели Сересо.

Барселона е единствениот тим кој Диего Симеоне не успеал да го победи откако стана тренер на тимот во 2011 година. Во претходните 11 лигашки дуели тој нема ниту една победа, иако двапати ги елиминираше Каталонците од Лигата на шампиони.

„Тие секогаш постигнувале еден гол повеќе од нас, и биле одлучувачки подобри во клучните моменти. Но, сега е време и тоа да се смени“, вели Симеоне.

Најново

Македонија2 минути

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој, како што велат од оваа партија, при одбележувањето на...

Свет16 минути

Ескалацијата меѓу САД и Иран ги зголеми цените на нафтата

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 101 долар за барел во средата навечер за прв пат од мај,...

Македонија22 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и...

Македонија34 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура57 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет1 час

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија1 час

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет1 час

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт1 час

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...