Daily news
Британија распоредува војска по нападите
Велика Британија го зголеми нивото од терористички закани на „критично“ што значи дека е можен нов напад, изјави премиерката Тереза Меј. Таа дополнила дека се распоредуваат војници кои треба да им помогнат на вооружените полицајци, пренесе агенцијата АФП.
„Можноста дека постои група на поединци кои се поврзани со овој напад е веројатност која не можеме да ја игнорираме“, рекла Меј по самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер по концертот на поп пејачката Аријана Гранде. Во нападот загинаа 22 лица, а 59 се повредени.
Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад кој се случи во понеделникот. Напаѓачот е идентификуван како Салман Абеди (23).
Луѓето кои го преживеаја бомбашкиот напад во „Манчестер арена“, рекле дека безбедносната проверка пред концертот не била добра.
Сеуште е нејасно како бомбашот успеал да влезе во салата незабележан. Експлозијата се случила веднаш по завршувањето ан концертот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
