Daily news
Вигенин: Ако новата македонска влада го потпише договорот за добрососедство, ќе поддржиме членство во ЕУ
Ако новата македонска влада го направи чекорот за потпишување на договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, ќе можеме целосно да го поддржиме членството на Македонија во ЕУ, изјавил пратеникот на бугарската Социјалистичка партија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, пренесуваат бугарските медиуми.
„Во земјата гледаме судир не само на две политички сили туку и на две различни визии за развојот на Македонија”, рекол Вигенин. Според него, Зоран Заев е проевропски и демократски настроен политичар, а од другата страна е политичка сила чиј лидер се обидува преку национализам да се одржи на власт.
„Изборите беа демократски и треба да се почитува резултатот од нив. Ако не се блокира овој процес, најверојатно, до недела ќе имаме нова влада. Тогаш Бугарија може да биде многу корисна, особено со претстојното претседавање”, додал бугарскиот пратеник.
Според него, новата влада во Македонија ќе претставува и шанса да се постави нова основа во односите со Бугарија и да се развиваат „европските принципи, а не балканското противење“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
