Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Богдан Илиевски: Не сменив политичка партија, нема да сменам ни спортски клуб

Објавено пред

Еуфоријата во Скопје е на завидно ниво, угостителските објекти се преполни, а меѓу навивачите наидовме и на видни политичари.

Екипата на „Макфакс“ во краток разговор со Крсто Мукоски дозна дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ навива за Реал Мадрид и дека вечерва ќе го следи натпреварот од трибините на градскиот стадион. Неговиот колега Димитар Стевананџија, пак, рече дека навива за Барселона, ама вечерва сака да победи и сигурен е дека ќе победи Манчестер јунајтед.

„Мислам дека Манчестер има подобра екипа бидејќи Мурињо е добар стратег и има направено добра тактика и убеден сум дека прогнозите за вечерашниот натпревар ми се точни, исто како кога во прашање е политиката“, рече Стевананџија.

На прашањето дали очекувањата и предвидувањата се исти на политички план и во спортот, тој одговори потврдно.

„Одиме заедно со Стевананџија затоа што имаме различни ставови, односно навиваме за различни тимови, а на крајот и двајцата ќе честиме“, ни рече Мукоски.

Меѓу многубројните навивачи го сретнавме и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, кој ќе навива за Реал Мадрид.

Екипата на „Макфакс“ го сретна и поранешниот директор на Државниот архив, Филип Петровски, кој одби да даде изјава.

Новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше предводник на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, кога екипата на „Макфакс“ го сретна во Дебар Маало, рече дека ќе оди до тоалет, па ќе даде изјава, со што ја продолжи приказната од социјалните мрежи и шегите на негова сметка дека станал член на ИК затоа што неколкупати бил во тоалетот на партискиот штаб.

„Навивам за Барселона, така било, така е и сега така што имам причина плус да го поддржам Манчестер јунајтед бидејќи тренерот на овој клуб беше преведувач во ФК Барселона и истовремено и помошник-тренер. Кога правиш пресметка кого повеќе не сакаш, дали Реал Мадрид или Манчестер јунајтед, како фан на Барселона ќе кажам – Реал Мадрид. Иако ми е многу драго што навивачите на Реал Мадрид во Македонија имаат ваква шанса да бидат домаќини во Скопје на својот омилен клуб. Јас сè би дал тоа да е мојата Барселона. Мислам дека ќе победи Реал Мадрид бидејќи има посилен тим, иако би сакал послабиот да замине со трофеј затоа што Мурињо можете да го сакате или да не го сакате, но мора да го почитувате како тренер“, рече Илиевски.

Тој смета дека како што се почитуваат фудбалските клубови така треба меѓу себе да се почитуваат и политичките партии, но и луѓето што припаѓаат на одредена политичка партија.

Додаде дека Македонија е една мала држава и луѓето не мора да се сакаат, но треба да се почитуваат.

На прашање што се менува полесно – политичка партија или клуб, Илиевски одговори дека не сменил ниту клуб ниту политичка партија.

К. Ландов

Најново

Забава3 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт4 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава10 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...

Спорт15 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...

Свет28 минути

12 странски државјани загинаа во големиот шумски пожар во Шпанија

Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски...

Македонија33 минути

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори

Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската...

Забава51 минута

Т-рекс продаден за 50 милиони долари, срушен е рекорд

67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави...

Забава57 минути

Лени Кравиц откри зошто носи кожни панталони во теретана

Лени Кравиц, музичар познат по тоа што носи своја препознатлива облека во теретана, сега објасни зошто. 62-годишникот откри во новиот...

Свет1 час

Куба повторно без струја; Демократи: Трамп ја претвора Куба во Газа

Куба вчера доживеа уште еден целосен колапс на националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи го целиот остров без струја. Ова е...