Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Николовски: Нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците

Објавено пред

Владата на вчерашната седница донесе одлука за директна поддршка во износ од 10 милиони евра, пари што ќе стигнат во рацете на овоштарите, лозарите, сточарите и полјоделците, а тоа ќе значи и поддршка на домашното производство на храна, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Со измените на програмата за директни плаќања им излегуваме во пресрет на барањата на земјоделските здруженија за зголемување на субвенциите за производителите на пченица, кои годинава имаа ниски приноси поради лошите временски услови. Токму затоа земјоделците ќе добијат дополнителни 6.000 денари за хектар пченица, тоа се 2 милиона евра повеќе од субвенциите што ги добиваат сега. За јачменот е предвиден дополнителен 1 денар за килограм предаден кај регистрирани откупувачи. Со оваа мерка ќе се надоместат штетите и ниските приноси од годинешната жетва“, рече Николовски.

Тој додаде дека 25 илјади лозари и 15 илјади овоштари ќе имаат зголемена субвенција од 10 отсто од хектар со цел да се надомести дел од штетата, главно поради измрзнувањето на насадите. За градинарите се издвоени дополнителни 10 отсто од висината на сегашните субвенции за хектар, а за сточарите поддршката е преку зголемените субвенции од 10 отсто за хектар фуражни култури. Или, рече Николовски, тоа се уште 2 милиона евра предвидени за реализација на овие мерки.

Особено е важна, рече Николовски, мерката за финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец.

„Распишуваме оглас за пријавување млади земјоделци, а новите критериуми за аплицирање ќе помогнат средствата да завршат кај вистински земјоделци“, рече министерот.

Тој рече дека е донесена уште една измена во интерес на земјоделците поради, како што рече, пропуст на минатата влада.

„Се работи за субвенциите за подигање повеќегодишни насади. Со оглед на тоа што рокот од 29 февруари воопшто не бил објавен, им излегуваме во пресрет на земјоделците што извршиле есенско подигање во 2016 година и на оние што извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите што подигнале насади ќе може да поднесуваат  барања за исплата до 1 септември“, рече Николовски.

Само овие две нови мерки, рече тој, ќе овозможат директен трансфер на шест милиони евра за земјоделците до крајот на годината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт54 минути

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт1 час

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт1 час

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт2 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт2 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт2 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт4 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...