Daily news
Висока шпанска политичарка поднесе оставка заради корупциски скандал
Високо позиционирана членка на шпанската владејачка Народна партија, Есперанза Агуире, поднесе во понеделник оставка на местото пратеничка во градското Собрание на Мадрид и од местото партиски портпарол по избивањето на корупциски скандал во кој нејзината десна рака Игнасио Гонзалес заврши во затвор.
„Судската одлука и неговото затворање не се докази против него, но покажуваат дека јас не контролирав сè што требаше и заради тоа давам оставка на политичките функции“, изјави 65 годишната Агуире.
Гонзалес, кој беше претседател на покраината Мадрид од 2012 до 2015 година, е уапсен минатата недела по сомнение дека го користел јавното водоводно претпријатие за илегално финансирање на партијата и лична полза.
Агуире во тоа време беше претседател на Народната партија во Мадрид. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
