Daily news
ВМРО-ДПМНЕ бара 10 пратенички групи во Собранието
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите информираше дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според барањето, 9 од групите ќе имаат по пет, а една ќе има шест члена. Како што рече Димовски, ова го прават со цел да може да се искористи деловничкото право со можност за поголемо учество во дискусијата.
Деловникот предвидува координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.
Габриела.Д.Мишевска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
