Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Грижата на СДСМ кон земјоделците е лицемерна

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ вели дека Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна, отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија.

„Злосторничкото здружение во врвот на СДС знае дека само со прифаќање на Тиранската платформа и нејзина реализација може да дојде на власт и да се спаси од одговорност за криминалите. Затоа немаат храброст да ја отфрлат, да се откажат од разнебитување на Македонија и да ја деблокираат политичката криза.

Грижата на СДС кон земјоделците е лицемерна. Затоа криминалецот Заев ги испраќа своите послушници по којзнае кој пат да се обидат да ја изманипулираат јавноста. Тие се прочитани и одамна осудени и од земјоделците и од целиот народ„ се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Љупчо Николовски.

Земјоделците знаат дека единствено ВМРО ДПМНЕ се грижат за нив и подобрување на нивниот стандард.
„За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра.
Земјоделците знаат дека ВМРО ДПМНЕ ќе стори се за да ја надмине деструктивноста на СДС, со што нивниот труд ќе биде соодветно валоризиран, односно ќе ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени„ се посочува во соопштението.крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари: Вработувања во здравството ќе има, но покачување плати, да бидам искрен, тешко до крајот на годинава

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе преговара со синдикатите за нивните барања за нови колективни договори во здравството, но она...

Македонија2 часа

Пандов: Затвореници влегуваат и излегуваат кога сакаат, седум години не е направена контрола

По моето назначување на функцијата, од повеќе страни дојдоа до мене информации дека во затворот „Скопје“ секојдневно отсуствуваат поголем број...

Македонија4 часа

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: уништени 8,7 тони небезбедна храна по спроведените вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и во Преспа

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули) спровеле вонредни заселени контроли...

Свет4 часа

„Тајм“ објави нова насловна по повлекувањето на Бајден, ѝ ја посвети на Камала

Магазинот „Тајм“ објави нова насловна страница по повлекувањето н Џо Бајден од трката за претседател на САД. Се чини дека...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и...

Свет5 часа

Зеленски: Ние сме му благодарни на Бајден и ја почитуваме неговата тешка, но силна одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува тешката, но силна одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да...

Македонија6 часа

СДСМ: Скапи билети и бизнис-класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

Според СДСМ, скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра...

Македонија6 часа

(Видео) Седум сѐ уште активни пожари во државата, во последното деноноќие имало 29, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се...

Свет7 часа

Захарова: Медиумите и политичките кругови ја криеја вистината за психичката состојба на Бајден

Истрагата за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ја криеја вистината за психичката состојба на претседателот на САД, Џо...

Свет7 часа

Трамп: Утре, расипаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека се откажа од трката

Во телефонски разговор со Си-ен-ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави своето излегување од трката во 2024 година,...

Свет16 часа

Камала Харис во првата изјава по повлекувањето на Бајден вели дека „ќе ја заработи и ќе ја освои“ демократската номинација

Потпретседателката Камала Харис вети дека ќе ги обедини демократите откога Џо Бајден се повлече и ја одобри да биде стандарден...

Македонија17 часа

(Видео) ЦУК објави видео од пустошот од пожарот над Криволак: Економската штета е ниска, еколошката е голема, вели Ангелов

Повеќе од 10 пожари остануваат активни и вечерва, но ниту едно населено место не е загрозено, извести директорот на Центарот...

Свет18 часа

Бајден се повлече од трката за претседател на САД

Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата „Х“ рече дека ќе остане...

Македонија19 часа

Приведено лице од велешко поради предизвикување пожар, палел седишта од автомобил на депонија

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат...

Економија19 часа

Николоски договара нови нискобуџетни летови од следната година: Ќе разговараме со неколку светски компании

Иако е неработен ден, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека работел и договорил формирање работа група...

Економија20 часа

Левица: Отпуштени неколку директори на „Кромберг и Шуберт“, ги проневериле парите за бонуси на работниците

Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми, јави денес...

Топ21 час

38-годишен скопјанец пронајден мртов во мотел во Чаир

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје синоќа во 21.40 часот добил пријава дека во мотел на подрачјето на Чаир бил...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра

Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка...

Култура1 ден

Директорката на „Охридско лето“ одликувана со орден „Витез на редот на ѕвезда на Италија“

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела,  ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со орден „Витез  на редот...

Свет1 ден

Руски МиГ-ови пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбени авиони спречиле два американски стратешки бомбардери да ја преминат државната граница...