Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за 5 потпретседатели на Собранието е дополнителен трошок за граѓаните

Објавено пред

СДСМ продолжува со расипничкото трошење на народните пари. Не ги интересира ништо друго освен измислување на нови функции и дебело наградување на послушниците со пари од буџетот, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференција, опозицијата посочи дека одлуката да се именуваат пет наместо актуелните три потпретседатели на Собранието ќе значи дополнителен трошок за граѓаните.

„Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 9000 евра месечно или 300 евра дневно, средства кои може да се вложат во здравството или образованието или да се искористат за отворање нови работни места“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека пет потпретседатели на Собранието годишно ги чинат граѓаните 240.000 евра, а за четири години, тие ќе ги чинат граѓаните приближно 1 милион евра или речиси за двојно повеќе од тоа што претходно било трошено.

Од ВМРО велат дека наместо да го намалуваат непродуктивното трошење, СДСМ го зголемуваат, како што го зголемија и бројот на министри во Владата, но и средствата наменети за буџетот, кој повторуваат дека е највисокиот буџет во историјата на Македонија.

Опозицијата заклучува дека СДСМ со недомаќинското работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваат врз граѓаните и ја водат државата кон амбис од кој, како што велат, нема враќање назад.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на...

Македонија50 минути

Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот...

Македонија56 минути

Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот македонскиот јазик...

Македонија2 часа

Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови,...

Топ4 часа

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ

На вчерашните протести пред Владата биле повредени четворица полицајци, а било запалено и знамето на ЕУ, соопшти полицијата. Имено, вчера...

Македонија4 часа

Димитров: Тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката e голема лага

Тврдењето дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два...

Топ4 часа

НСДП го прифати францускиот предлог

Извршниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП) сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање...

Македонија5 часа

Нуредини: Првите седум контејнери со линдан излегоа од државата

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија6 часа

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет7 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија8 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија9 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија19 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија21 час

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија22 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија23 часа

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет1 ден

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија1 ден

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...