Контакт

Daily news

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ со нова интерпелација – за министерот Никола Димитров

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ подготви иницијатива за интерпелација, гласање недоверба на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Како што изјави на прес-конференција Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, има повеќе работи кои се наведени во интерпелацијата, но тој ги наведе трите клучни.

dobivaj vesti na viber

„Првата работа е брзоплетото штетно потпишување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Избегувањето за него да се дискутира, лажењето дека се работи за нацрт-текст кој може да се подобри, каде што би била вклучена и опозицијата, а потпишувањето финален текст кој не бил воопшто предмет ни на преговарање, туку бил само прифаќање на бугарските позиции за што ѝ честитаме на бугарската влада што се изборила за своите интереси, но не и на министерот за надворешни работи на Македонија, кој не ги застапувал македонските национални интереси и потпишал одредби што ќе бидат штетни за Република Македонија со спроведувањето“, изјави Милошоски.

Според него, втората работа е неименувањето и неупатување ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Европската Унија во Брисел. „Иако господинот Александар Николовски ги помина сите законски, уставни и процедурални фази за неговото именување и назначување за амбасадор, вклучително и добиени 28 агремани од 28 земји членки на Европската Унија, од Министерството за надворешни работи добивме само еден заклучок дека постапката се прекинува без да се биде повикано на ниеден член од Законот за надворешните работи или на ниту еден член од Уставот, што е прекршено за оваа постапка да не биде почитувана“, вели високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако можеше ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ заради приоритетот за ЕУ и НАТО и обединувањето на позицијата и опозицијата да испрати пратеник од СДСМ, господинот Нано Ружин, како амбасадор во НАТО во Брисел и со тоа да добиеме препорака за членство во НАТО, која ќе беше реализирана доколку не беше блокадата од Грција, тогаш зошто не би можела денешната Влада, која најавува инклузивност, и министерот за надворешни работи, кој најави дека сака опозицијата да ја вклучи во сите големи национални проекти, посебно за ЕУ и НАТО, незаконски да го попречи упатувањето на господинот Николовски за амбасадор во Брисел и ЕУ.

Третата работа што исто така е наведена во барањето за гласање недоверба на Никола Димитров е немањето категоричен, одречен и јасен став по однос на притисокот што се врши врз Република Македонија да изгради прифатни центри и бегалски кампови за мигрантите.

„Населението во Република Македонија не сака да има дополнителен буџетски и социјален товар и да има 10, 20, 50 или 80 илјади мигранти на својата територија, чии буџетски товар и финансии ќе бидат на сметка на тоа што треба да го плаќаме како плати, пензии, социјални осигурувања, детски градинки, спорт, образование и сè друго што е од интерес на граѓаните на оваа држава. Немањето категоричен став по ова прашање, кога ова прашање е доминантно и во регионот и во ЕУ, од страна на министерот за надворешни работи, е во најмала рака недозволиво, а истовремено е немање и национален став кој е во интерес на граѓаните на нашата држава. Тоа се трите точки наведени во самата интерпелација која денес ја доставуваме и она што беше оневозможено од парламентарното мнозинство да се дискутира на една нормална отворена седница за договорот склучен помеѓу Македонија и Бугарија, сега по повод оваа интерпелација ќе имаме можност да го дискутираме“, вели Милошоски.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија16 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија17 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија17 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија18 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа19 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет21 час

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет23 часа

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет23 часа

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет23 часа

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет23 часа

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет23 часа

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија23 часа

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...

Регион1 ден

Курти: Сакаме договор, но се чини дека Вучиќ и Белград не го сакаат

„Сакаме договор, одиме на дијалог. Се чини дека Белград и Вучиќ не сакаат договор“, изјави косовскиот премиер Албин Курти. Во...

Македонија2 дена

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Хероината од документарниот филм Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. „Ако ги сакате пчелите,...

Македонија2 дена

Адвокатите на осудените за убиството на Тот, најавија жалби: „Казните се драконски“

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината...

Свет2 дена

Писмо бомба експлодира во украинската амбасада во Мадрид

Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид. Станува збор за писмо бомба, а еден вработен...

Економија2 дена

Потпишан договор, продолжува испораката на греење во Чаир и Бутел

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир...

Македонија2 дена

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Министерот за правда Никола Тупанчески , одговарајќи на новинарски прашања за положениот правосуден испит на Барлет Џафери во 2015 година...