Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Со пратеничките групи ќе обезбедиме квалитетна дебата во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ смета дека со своето ограниизирање во 10 пратенички групи ќе допринесе за демаскирање на сите задни намери кои што ги планира СДСМ и истовремено ќе обезбеди поквалитетна дебата за било кое прашање или мерка која што ќе се разгледува во законодавниот дом.
Од опозицијата велат дека „игнорантскиот однос на Владата предводена од СДС и новото парламентарно мнозинство се директна и единствена причина за делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија“.
„Иако, неколкупати досега нагласувавме дека нема да дозволиме СДС да се однесува како Собранието на Република Македонија да е во нивна сопственост, тие и понатаму продолжуваат да ја игнорираат опозицијата иако ветија инклузивнос, подавање на рака и градење на заеднички ставови по однос на стратешките прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека „СДС мора да разберат дека доколку навистина сакаат да се придвижат реформските процеси во Република Македонија ќе мора да соработуваат со победничката партија од изборите бидејќи сите сме за просперитет на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
