Контакт

Daily news

Во Струмица се врши пробно мерење на загаденоста, резултатите не се веродостојни

Објавено пред

Во врска со информациите за енормното загадување во Струмица со ПМ 10-честички, од оваа Општина информираат дека мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период не треба да се земаат предвид.

„Конкретно, заради транспарентност и отчетност, а сè со цел заштита на животната средина, во соработка со Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање на Република Македонија, инсталиравме мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот. Мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период треба да не се земаат предвид. По завршувањето на сите активности, како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата и бидеме сигурни дека загадувањето на воздухот на територијата на општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното“, велат од Општината.

Од анализите, велат од таму, е утврдено дека загадувањето на воздухот е највисоко во зимскиот период, а тоа произлегува од домаќинствата и одредени големи потрошувачи кои употребуваат несоодветни фосилни горива (иверка, стар мебел, моторни масла, прехранбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива) за загревање на просторните капацитети.

„Со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните и да овозможиме чист амбиентален воздух, во периодот зад нас го почнавме проектот за гасификација на општина Струмица. Како пример, Општината ги гасифицира сите институции“, велат од таму.

Локалната власт најави дека инспекциските служби засилено ќе го набљудуваат теренот и ќе вршат контроли.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија6 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа8 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија10 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија10 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија11 час

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија12 часа

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија12 часа

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија12 часа

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука13 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија13 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа14 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет14 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија14 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион1 ден

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија1 ден

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа1 ден

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Досие