Контакт

Daily news

Градоначалникот блокира, советниците на СДСМ не попуштаат – референдум за спас на Валандово мора да има

Објавено пред

Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, го запрел објавувањето на одлуката на Советот на Општината за распишување локален референдум околу продолжување со работа на рудникот Казандол и други рударски комплекси на територијата на општината. Со тоа се пролонгира распишувањето на референдум, но советниците од СДСМ се децидни –  седница повторно ќе биде свикана со цел да се закаже референдумското изјаснување што поскоро. Нивните прогнози се дека референдумот, согласно законските одредби, најрано би можел да се одржи во втората половина на август.

Како што извести граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ на својата Фејсбук страница, Чурлиновски го запира објавувањето на одлуката на Советот за распишување референдум донесена во понеделникот. Во образложението Чурлиновски наведува дека  „Советот не е надлежен за вакви одлуки“ и референдумот би бил „незаконско и неовластено трошење на градскиот буџет“.

Советот ја донесе одлуката во понеделникот, со осум гласа „за“ од вкупно 15 советници. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Советникот од редовите на СДСМ, Перо Костадинов во изјава на Макфакс вели дека во рок од 15 дена Советот повторно ќе се состане и доколку ја потврди одлуката за референдум, тогаш веќе не постои пречка за негово одржување.

„Тогаш нема да се чека на потписот на градоначалникот и одлуката ќе биде објавена веднаш. Согласно законот, референдумот треба да се одржи не помалку од 25 дена, и не повеќе од 40 дена од објавувањето на одлуката“, вели Костадинов. Според него, референдумот би требало да се одржи во втората половина на август и покрај опструкциите од градоначалникот и советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најново

Спорт19 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија27 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт32 минути

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника39 минути

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет41 минута

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија48 минути

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника49 минути

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника59 минути

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...

Црна хроника1 час

Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој...