Daily news
Граѓаните излегоа на протести во Лондон, бараа оставка од Тереза Меј
Повеќе илјади луѓе денеска се собраа во центарот на Лондон и бараа оставка од британската премиерка Тереза Меј.
Демонстрантите изразија незадоволство од коалицијата меѓу Конзервативната партија и Демократската унионистичка партија.
Организатори на протестот беа граѓанското движење „Дајте отпор на расизмот“ и пацифистичката коалиција „Прекинете ја војната“, меѓу чии раководители е и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин.
Мнозинството од учесниците во протестот побараа Корбин да ја преземе премиерската функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
