Контакт

Daily news

Груевски: Статутот не ми попречува да поддржам некој кандидат, сепак, останав неутрален

Објавено пред

Останав неутрален иако статутот не ми попречува да застанам зад некој кандидат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во статус на „Фејсбук“ пред денешниот состанок на Извршниот комитет на партијата, каде ќе се одлучува дали ќе се одложи закажаниот конгрес за избор на нов лидер, откако триесет високи партиски функционери јавно побараа одложување за февруари поради, како што наведуваат, нелегитимен и нетранспарентен процес за избор на претседател.

dobivaj vesti na viber

Тој порача дека за промени на веќе изгласана одлука може да одлучува само Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со двотретинско мнозинство и потенцира дека претходно никој не се побунил за датумот и за бројот на делегати, а одлуката за одржувањето на конгресот во Валандово за претстојниот викенд била едногласна.

Во прилог, целиот статус на Груевски.

„Одлуката на извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ за предлог до Центрaлниот комитет (ЦК) на партијата за одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 22 и 23 декември во Валандово, како и бројот на делегати беше донесена на седницата на ИК на 3 декември 2017 ЕДНОГЛАСНО, без ниту еден глас против, откако на 1 декември јас како претседател најавив оставка во интервју за порталот „Курир“.

Едногласно и без какви било коментари или забелешки од  кој било член на ИК. По дискусијата следеше гласањето, на кое СИТЕ членови на ИК кренаа рака и гласаа ЗА без притоа кој било да приговори за датумот или бројот на делегати, и без кој било да оспори што било во врска со тоа.

Статутот уште од основањето на партијата предвидел, и никој досега тоа не го отворил како прашање и не побарал промена, дека во случај на вонреден конгрес, делегати се истите делегати од последниот редовен конгрес.

Со цел потсетување кои биле делегати на последниот редовен конгрес делегатите беа прочитани на седницата на глас еден по еден.  Вкупно 560 колку што биле на редовниот конгрес во 2015. Слични или помали бројки на делегати биле на сите досегашни конгреси на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање до сега. Статутот предвидува дека не треба да се помалку од 250 делегати на конгресот, а горната граница не ја ограничува. И кога се одредуваа делегатите за редовниот конгрес во 2015 никој немаше никаква забелешка за бројот на кандидатите, иако статутот не бил пречка за тоа.

Сличен или помал број делегати имало и на конгресите на сите други партии во Македонија од независноста до денес.

На 10 декември 2017 се одржа седница на ЦК на која се потврди датумот на одржување на конгресот и бројот и имињата на делегати, при што заради законска пречка за која бевме известени од правната комисија (вработени или функционери во МВР, МНР и регулаторни тела, не можат да имаат партиски функции, како и едно починато лице) бројот на делегати се одреди да биде 544. Сите 15 делегати кои изостанаа самите поднесоа писмени оставки со цел да ги запазат законите и да не им се загрози работното место или функцијата.

Одлуката за одржување на конгресот на 22 и 23 декември со 544 имиња на делегати ЦК ја изгласа речиси ЕДНОГЛАСНО.

Само едно лице гласаше против, од сосема различни причини кои претходно ги образложив неповрзани со датумот на конгресот и бројот и составот на делегати на конгресот.
Ниту еден член на ЦК или некој од поканетите гости не даде никаква забелешка или противење за датумот на одржување на конгресот или бројот на делегатите. Ниту еден од присутните не предложи колективно претседателство.

За сè останато се произјаснив во мојот претходен статус на оваа тема во 8 засебни точки на 14 декември како и во уште еден таков три дена пред него. Ова произјаснување е продолжение на тие две.

Одлуката за одржување конгрес со сите содржини во неа, меѓу кои и датумот и бројот на делегати, се носи со најмалку 2/3 од бројот на членовите на ЦК. Согласно со ова, и евентуална промена на ваква одлука може да се носи само со двотретинско мнозинство од членовите на ЦК.

За назначување на колективно претседателство потребни се неколку услови и чекори:

1. Одлука на најмалку 2/3 од членовите на ЦК со кои се поништува претходната одлука за одржување вонреден конгрес од 10 декември
2. Промена на статутот на партијата со кој би се овозможило колективно раководство, што е во надлежност на ЦК.
3. Посебен конгрес на кој би се назначило колективното раководство, доколку конгресот тоа го прифати.
4.Потоа уште еден – нов конгрес на кој би се бирал нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, колку што разбрав, идејата е колективното раководство да е времено решение

Тое се фактите за досегашните одлуки и процедурата.

А сега неколку мои коментари.

Јас како претседател на партијата дадов максимум што е во моја моќ да останам неутрален во процесот на избор на претседател на партијата. Иако немам таква обврска, тоа е мој личен избор.

Статутот и другите акти со ништо не ми попречуваат да застанам зад некој кандидат. Јавно, со изјава, со потпис, говор, политичка агитација, лична вклученост во нечија кампања и слично. Сепак, проценив дека најдобро е да останам неутрален и причините јавно ги објаснив во претходните два статуса на оваа тема минатата недела.

Во 2003 тогашниотпПретседател постапи поинаку, излегувајќи со јавна поддршка за мене како прв потписник на мојата кандидатура. Тоа беше негово право и личен избор, исто како што сега е и мое право да одлучам дали ќе постапам исто или ќе се определам за неутралност.

На ниту еден делегат од сите 544 не му дадов каква било насока во однос кој кандидат да поддржи.
Дел од моите долгогодишни најблиски соработници охрабруваа кандидат кој, колку што сум информиран, се откажа од кандидатура. Со ништо не ги попречив во тоа. Напротив.

Покрај ова, одговорив на неколкуте директни до мене пораки и барања од еден од потенцијалните кандидати кој ги побара имињата и телефоните на сите делегати и претседатели на ОК и МК за да има директен пристап за претставување, политичка агитација и лобирање, што е легитимна работа во ваков изборен процес.

Одржав лични состаноци со потенцијалните кандидати и во рамките на моите статутарни ингеренции направив сè што е во моја моќ и овластувања согласно со статутот да дејствувам кон надминување на забелешките и несогласувањата.

Јас, сега на 24 часа пред истекот на рокот, уште еднаш ги повикувам сите заинтересирани кандидати да ги соберат потребните потписи и да се кандидираат во предвидениот и заеднички изгласан рок од ИК и ЦК, а делегатите ги повикувам слободно да одлучат согласно со она што го напишав на статусот на 14 декември. Повеќето од нив знам дека за неколку часа можат да соберат не 30 туку дупло од тоа потписи, или повеќе.

Уште еднаш повикувам, доколку некој го злоупотребува моето име во лобирањето да бидат свесни дека се работи за лажно повикување и согласно со тоа да го дадат или повлечат својот потпис, и слободно да гласаат на тајното гласање на Конгресот.

Секоја евентуална закана, заплашување, уцена, лажно повикување или слично да ги отфрлат и доколку сакаат и да ги казнат преку тајното гласање на Конгресот.

Напоменувам дека некои од поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази и не се потврдија при проверките во нивно присуство. Тоа не значи дека тие сакале да ме излажат, но може да значи дека добиле неточни, невистинити или непроверени информации од теренот. Има и такви случаи каде што лицето кое информирало за некое несоодветно однесување на некој од кандидатите или неговите поддржувачи едно им вели ним на оние кај кои информирало, друго или спротивно на други кои го проверуваат истото. Во некои од случаите при образложувањето на забелешките не се откриваа имиња со цел да се заштитат лицата кои за нешто ги информирале, што е легитимно, но тоа попречува каква било проверка и утврдување на фактите во ситуација кога конкурентот го негира истото. Ова значи дека забелешката може да е точна, а може и да не е точна, но нема начин да се утврди вистината.

Дел од забелешките беа за вклученост во кампањата на други партиски лица, сегашни или поранешни функционери и лица кои имаат поголемо влијание или авторитет во партијата, на една или друга страна од потенцијалните кандидати, што е легитимно право на секој партиски член и не може да се забрани никому, сè додека не ги пречекори статутутот, законите и етичките норми.

Една од најчесто повторуваните забелешки е што еден од кандидатите ден по одлуката на ЦК за одржување вонреден конгрес изненадил со брзината и подготвеноста, како и екипираноста при собирањето на потписите за поддршка, и за неколку дена собрал многу потписи, додека други потенцијални кандидати сè уште немале почнато со истото.

Во услови кога јас објавив оставка на 1 декември, а веќе на 3и декември ИК го одреди предлог-датумот на конгресот, кој конечно се усвои на ЦК на 10 декември, се чини дека тука нема  какви било статутарни или други прекршувања. Сите имаа доволно време да се подготват и екипираат за уште првиот ден да го почнат собирањето потписи за поддршка.

Но напоменувам, и оној кој собрал 30 потписи, и ако некој собрал 100 или 200 или повеќе потписи за поддршка, колку и да му прави тоа психолошка предност, сепак, на конгресот се почнува од нула бидејќи гласањето е тајно. Таму секој кандидат ќе има право да се претстави пред сите делегати и да ја изложи својата програма и визија пред сите делегати пред да се гласа.

Доколку е точно дека некои од претендентите за претседател и нивните поддржувачи се однесувале дрско, арогантно, заканувачки, уценувачки, иритирачки, надмено или како било несоодветно, се согласувсм дека тоа е за осуда и дека многу говори за личноста која претендира за претседателска функција. И најавува дека така може и да продолжи ако стане претседател.

Но, тоа сегашно однесување, доколку било навистина такво, е одлично за противкандидатот или противкандидатите на денот на гласањето. Секој нормален делегат и да дал и да не дал потпис за поддршка на личност со такво однесување, при тајното гласање на конгресот има можност да го казни кандидатот кој така пристапил: нема да гласа за негова поддршка.

Уште еднаш повикувам и апелирам да се внимава со јавните изјави кои се упатуваат кон органите на партијата и истовремено тоа се прави преку медиумите или социјалните мрежи со цел да не се направи политичка штета на партијата.

За сè друго, за сè во врска со какви било забелешки и за евентуални предлози за промени на веќе изгласаната одлука може да се одлучува само ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе има седница пред одржување на конгресот. На истата седница на ЦК секој ќе може да изнесе свои аргументи и предлози токму пред партиското тело кое ги носи најважните одлуки од овој тип“, стои на фејсбук-статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет2 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија5 часа

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ5 часа

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион8 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет8 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија10 часа

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет12 часа

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија1 ден

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија1 ден

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет1 ден

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје1 ден

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија1 ден

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија1 ден

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија1 ден

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ1 ден

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија1 ден

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет2 дена

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија2 дена

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет2 дена

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...