Контакт

Daily news

Дали етничките Македонци ќе имаат свој претставник во албанскиот парламент?

Објавено пред

Вкупно 18 политички субјекти, ќе се натпреваруваат за влез во албанското национално собрание, на парламентарните избори, закажани за 25 јуни.

dobivaj vesti na viber

На кандидатските листи се и тројца етнички Македонци. Генералниот секретар на “Македонска алијанса за европска интеграција” (МАЕИ), Васил Стерјовски, е на листата на коалициското Движењето за социјалистичка интеграција, на албанскиот претседател Илир Мата, кој е истовремено и единствен кандидат на партијата на Македонците – МАЕИ.

Македонците, со Стерјовски, веруваат дека ќе го добијат првиот пратеник предложен од македонската партија, бидејќи е на петто место, од листата за Изборната единица Корча.

На листата на оваа партија, за изборната единица Корча, има уште еден Македонец, Ефтим Митре од селото Глобочани, општина Пустец. Тоа значи дека ќе си конкурираат двајца Македонци, во иста коалиција, затоа што Митре, е кандидат на Движењето за социјалистичка интеграција.

Во истата изборна единица, за влез во парламентот ќе се трка и Македонката Едлира Доневски, по потекло од Мала Преспа, а живее во Корча. Таа, како формален член, е на кадидатската листа на Социјалитичката партија на актуелниот премиер Еди Рама.

На кандидатските листи на опозициската Демократската партија, основана од поранешниот претседател и премиер Сали Бериша, сега предводена од Љуљзим Баша, нема ниту еден кандидат Македонец.

На претходните парламентарни избори во Албанија, кандидат за пратеник, како носител на листа на МАЕИ во Корча, беше Валентина Нестoр, лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана

Не успеа да влезе во парламентот, иако, и беа потребни 3.500 гласови.

„Актуелната министерка за образование е сопруга на Македонец, додека поранешниот министер е чист Македонец. Но што не е направено за Македонците во Албанија? Речиси – ништо. Ете е главната причина, иако не е единствена“, објаснува за Макфакс Валентина Нестoр.

Таа додава дека за неуспехот мора да се наведат неколку фактори.

„Прво, МАЕИ е нова партија, која во последните неколку години, на избори учествуваше по вторпат, годинава – по трет пат, додека албанските партии дејствуваат низ македонските предели со децении, а тие ограноци се со македонски претставници, кои работат за интересите на овие партии и не поаѓаат од националниот аспект и севкупниот интерес на македонската нација“, додава Нестор.

„Сепак, иако јас лично не успеав, барем успеав да го разбудам националното чувство и да ги освестам дека само со засилување на македонскиот политички фактор, преку коалициските договори, можат да ги уживаат и тие елементарни инвестиции и права кои досега ги имаат. Се годинешните избори, направен е мал напредок, може да се рече-само получекор“, прецизира Нестор.

Професорката Нестор, додава натаму, дека самиот македонски политички фактор не беше и не е доволно обединет и не работеше за една заедничка мисија. Добар дел од Македонците, кои се претставуваат низ Македонија како силни активисти за правата на Македонците во Албанија, се членови на големите албански партии. Сакаат да дејствуваат само преку друштва, а не преку политичка партија. На таков начин користат проекти од македонската влада, а немаат никаква одговорност околу барањето на своите права овде, во земјата каде живееме.

Во желба да ја помогне македонската кауза, барем за престојните избори, Валентина Нестор, како илустрација, потсетува на една сопствена изјава од претхоното гласање.

-Една моја претходна изјава дека роднини на високи членови на МАЕИ работеа против нашата партија и не гласаа, беше протолкувана како, демек, моите роднини не гласале за мене. Сакам да го разјаснам тоа. Моите роднини максимално беа ангажирани околу тоа, не поради фактот што се кандидирав јас, туку затоа што тие се ориентирани кон македонската кауза. Ако сите не размислуваме така, повторно ќе бидеме плен на далеку помоќните албански партии“, предупредува професорката Нестор.

Валентина Нестор потсетува и на еден своевиден парадокс. Имено, како што се знае, Македонците од Албанија учествуваа, на еден или друг начин, и на локалните и на парламентарни избори во Република Македонија. Гласањето на жителите на Пустец во Скопје предизвика огромни реакции и контраверзи, дури градоначалникот на општина Пустец, беше приведен и судски процесуиран.

„Навистина е многу тажно, како се злоупотребува и натаму угледот на Македонецот од Албанија. Сепак, во врска со ова, мора да го истакнам фактот дека голем дел од Македонците, барем од Мала Преспа, се сезонски работници во Македонија, а цели генерации на млади деца, уште од 1991 и наваму, се образуваат во Македонија, а значителен дел од нив остануваат таму. Значи, голем дел од овие Македонци се стекнале со право на престој и добиле документи. Доколку овие лица стекнале права на граѓани на Република Македонија, зошто да немаат право на глас, како и секој граѓанин во демократска земја.Начинот, пак, како тоа беше направено и како потсмешливо и навредувачки, беше третирано и овде во Албанија и таму во Македонија, е сосема друга работа. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија6 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија7 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија7 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија7 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија7 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија8 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија10 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија10 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет12 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет12 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет12 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет13 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет13 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет13 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет13 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија22 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија23 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ24 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...