Daily news
Даниел Сруер: Грција треба да знае дека Македонија ќе биде поканета во НАТО
Тој посочи дека луѓето кои сметаат дека е можна етничката поделба преку промена на границите, си играат со кибрит блиску до буре со барут.
Откако во земјата повторно има транспарентно и демократско владеење, Европа и САД треба да кажат дека Македонија сега ќе биде поканета да се приклучи на НАТО. Ова го изјави американскиот професор Даниел Сруер, директор на Програмата за справување со конфликти и соработник на Центарот за трансатлантски односи “Џон Хопкинс” во своето експозе за време на дебати во Поткомитетот за Стејт департментот за Европа, Азија и новите закани.
“Прво, земјите од регионот постигнаа вонреден напредок во десетте години по интервенцијата на НАТО во Босна во 1995 година Но, во последните десет години обидите на САД да ги дистанцираат раководството на Европската унија направија опасни ризици и падови.
Во Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија сега постојат ризици од нестабилност, која може да предизвика грчеви во целиот регион. Ова ќе се одрази лошо на меѓународната водечка улога на Америка, и е закана на три мирни договори и ќе не чини многу повеќе од спречување на конфликтот “, рече проф. Сруер. Тој посочи дека луѓето кои сметаат дека е можно етничката поделба преку промена на границите, си играат со кибрит блиску до буре со барут. Според него слични активности ќе доведат до насилство, вклучувајќи и етничко чистење и дури геноцид. “Тоа се случи во 90-тите години и може повторно да се случи”, посочи Сруер.
Исто така предупреди дека етничката поделеност ќе доведе не само до вооружени конфликти, но исто така ќе предизвика и нов бегалски бран, создавајќи “исламски мини држави во делови на Босна и Херцеговина, Србија и Косово”. “Штетата нема да се ограничат само до Балканот. Русија би поздравила етничката поделеност, бидејќи тоа ќе го поддржи деструктивниот иредентизам на Москва во Јужна Осетија, Абхазија, Приднестеровието, Крим и Донбас, а би дало на Москва посилна позиција во регионот.
Тоа би создало географски разлики во НАТО и во ЕУ “, категоричен е Сруер.
Професорот исто така, рече дека на Балканот не гледа алтернатива на политичките и економските реформи кои треба секоја страна да ги исполни за да влезе во ЕУ и НАТО. “Сите сакаат да се приклучат во ЕУ, кој за жал нема да може да почне да прима до 2020 година Тоа, според Сруер го прави членството во НАТО многу важно охрабрување за спроведувањето на реформите во сите земји, без Србија.
“За Македонија тоа значи дека Европа и САД треба да и кажат на Грција дека ФИРОМ ќе биде поканета да се приклучи во НАТО откако повторно е вратена транспарентен и востановена демократска власт. За Косово тоа значи дозвола Приштина да развие армија наменета за меѓународно миротворство кое нема да претставува закана за Србите. Затоа Србија треба да го прифати суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, овозможувајќи му да се зачленува во ОН.
Во Босна и Херцеговина членките на НАТО треба да им кажат на Република Српска дека Западот нема да го признае неговото отцепување, ниту ќе доаѓа на помош “, посочи уште проф. Сруер. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.