Daily news
Две лица загинаа во тепачка пред биралиште во Турција
Тепачката избила пред бирачко место во провинцијата Дијарбакир, во југоисточна Турција.
Како што пренесуваат турските медиуми, судирот меѓу две семејства се случил во дворот на селско училиште каде што се гласа на денешниот референдум за уставните промени, кои треба да му обезбедат „султански“ овластувања на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Агенцијата „Доган“ наведува дека причината за тепачката било „несогласување во политичките ставови“. Две лица се уапсени во врска со инцидентот, а едно лице со повреди е пренесено во болница. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
