Daily news
Демонстрантите повторно ги блокираа улиците во главниот град на Венецуела
Демонстрантите кои веќе месец ипол протестираат во главниот град на Венецуела, во понеделникот ги блокираа главните патишта во Каракас и со чадори испоседнаа низ улиците на „собир против диктатурата“ на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесуваат светските агенции.
Многу од продавниците низ Каракас се затворени, а таксистите сопреа со работа поради сопрениот сообраќај низ поголем дел од градот. Опозициските лидери бараат моментално распишување на претседателски избори, а анкетите покажуваат дека поголем дел од граѓаните на земјата сакаат Мадуро да си замине од власт, во период на зачестени насилни злосторства и катастрофална економска состојба, односно висока инфлација и недостаток на храна меѓу другото.
ЕУ повика на одржување на избори во Венецуела, а министрите за надворешни работи на Унија во понеделникот соопшија дека „насилството и примената на сила нема да ја решат кризата во земјата“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
