Контакт

Daily news

Закинтос: На Србите што усмртија Американец им се заканува доживотен затвор

Објавено пред

Грчкиот суд им одреди притвор на петтемина српски државјани од деветтемина осомничени за убиството на американскиот државјанин на грчкиот остров Закинтос.

Обвинението против нив се однесува на убиство со предумисла, пренесуваат грчките локални медиуми. Осомничените негираа вина.

Се очекува одлука за притвор и за другите четворица кои денеска беа сослушани пред судија.

Вчера пред истражен судија искази дадоа 34-годишен Грк, еден 32-годишен британски државјанин со српско потекло и тројца државјани на Србија, двајца на возраст од 18 и еден на возраст од 21 година.

За убиство со предумисла тие би можеле да добијат доживотен затвор.

Осомничените би можеле да поминат во притвор и до 18 месеци, додека чекаат судење.

Локалните медиуми пренесуваат дека амбасадорот на Србија, Душан Спасојевиќ, го посетил островот и групниот напад врз Афроамериканецот го објаснил како „неконтролирана употреба на алкохол“ а на дека е предизвикан од расистички мотиви.

Најново

Спорт9 минути

(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот...

Црна хроника21 минута

Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало...

Македонија35 минути

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника1 час

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава2 часа

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника2 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт3 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...

Свет3 часа

Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“

Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата...