Контакт

Daily news

Зимата и нашата кожа

Објавено пред

Дали дури и самата помисла на зимата прави вашата кожа да се чувствува тесна и нервозна? Жешкото лето и силното сонце не се единствената причина за пресушување и иритација на нашата кожа. Тука е и зимата.

Зимските временски услови влијаат на нашата кожа на неколку начини. Најчест проблем во зимскиот период е сувата кожа. Студениот зимски воздух е со намалена влажност и ги пресушува природните масла во кожата, предизвикувајќи на тој начин таа да не може да ја задржи својата влага и да дехидрира. Острите зимски ветрови, исто така, предизвикуваат воспаление на кожата со црвенило и ситно лупење. Ова води кон груба, напната кожа со интензивен јадеж кој нѐ тера да ја чешаме, со што дополнително ја иритираме, а таа, пак, реагира со задебелување и распукување и уште помала способност да се регенерира.

Можеби како наједноставно решение ќе ви изгледа да се скриете од студот во топлите домови, но и така нема да постигнете многу. Во зимскиот период затоплувањето на домовите и високата температура го суши воздухот во просториите така да наместо да најде олеснување нашата кожа страда од дупла доза на ефектот на сушење.

Сепак целата надеж не е изгубена бидејќи со преземање на одредени мерки за заштита, правилна хигиена и нега можеме да успееме да ја одржиме нашата кожа здрава и витална и во зимскиот период. Еве неколку совети:
1. Избегнувајте користење на агресивни средства за чистење на кожата како лосиони кои содржат алкохол и сапун и заменети ги со медицински синдет (сапун), маслена купка или нежно хидратантно млеко за чистење на лице. На тој начин ќе го зачувате природниот липиден филм на кожата кој во зимските денови тешко се одржува.
Исто така избегнувајте го долгото капење со многу топла вода која дополнително ќе ја исуши кожата.
2. Редовно хидрирајте ја кожата користејќи креми со високо хидрирачки состојки кои ја врзуваат водата како хијалуронската киселина, гликолна киселина или средства на база на масло и богата ноќна витаминска крема која ќе ја регенерира кожата додека спиете. За нега на телото погодни се лосионите со уреа или гликолна киселина кои истовремено ја хидрираат и лесно ја лупат грубата задебелена кожа, а за оние со претерано сува кожа лосионите со омега масни киселини.
3. Редовно правете кристален пилинг т.е микродермоабразија со што ќе ги отстраните насобраните мртви клетки на површината на кожата овозможувајќи и полесно да дише, забрзувајќи ја циркулацијата со што таа подобро ќе се исхранува, а истовремено олеснувајќи го навлегувањето на сите средства кои ги нанесувате со што тие побрзо ќе го покажат својот ефект.
4. Еднаш месечно може на спроведете хемиски пилинг со кој длабински ќе ги прочистите вашите пори, и ќе внесете во кожата супстанции кои ќе стимулираат обнова на клетките и корекција на ситните имперфекции.
5. За сите, а особено за оние со многу сува кожа прекрасен третман кој ќе ја врати свежината на вашето лице е мезотерапијата со која во средниот слој на кожата внесуваме различни супстанции како витамини, минерали, биостимулативни состојки или хијалуронска киселина, од каде таа многу полесно и побрзо ќе ги ресорбира .
6. Не ги заборавајте кремите со висок заштитен фактор особено ако одите на зимување на планина каде сонцето е многу посилно, а зрачењето поголемо како резултат на одбивањето на сончевите зраци од снегот.
7. И секако не заборавајте да се облечете топло.

Проблемот со сува кожа во зимскиот период на годината може да се јави кај секој човек на било која возраст. Меѓутоа додека кај едни лица студот предизвикува само црвени и суви образи кај оние лица со веќе постоечка друга дерматоза како на пр. атопичен дерматит, екцем, проријаза, може да дојде до влошување на истата. Во таков случај најдобро ќе биде да ве прегледа дерматолог кој во зависност од дијагнозата ќе ви препише терапија и соодветни медицински продукти за нега.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија57 минути

ДИК: Според 93 отсто од обработените податоци „Можеме“ има 36,13%, а ВМРО-ДПМНЕ 34,65% од гласовите

Според неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 93,96 отсто од податоците од вкупно 3.480 гласачки места,...

Македонија1 час

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија3 часа

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија4 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија4 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија4 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија5 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија7 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија8 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија10 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија10 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија11 час

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија11 час

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија13 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија13 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион13 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет14 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија16 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Досие