Контакт

Daily news

Иванов: Мисиите на браќата Кирил и Методиј внесоа импулс во верата и културата на словенските народи

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

 

„Како основоположници на словенската писменост и литература, светите браќа Кирил и Методиј се залагале за развој на христијанската мисла. За важноста и за суштината на просветителската мисија на двајцата браќа, кои внеле нов импулс во верата и во културата на сите словенски народи, говори и фактот што денеска тие се патрони на Европа“, вели Иванов во својата честитка.

 

„Темел на културолошкиот процес било создавањето на словенската азбука – глаголица.  Но, нивната мисија и нивното сфаќање за развојот и за ширењето на словенската цивилизациска свест се најдобро изразени преку просветителскиот континуитет на Кирилометодиевите ученици, големите дејци свети Климент и свети Наум“, додава Иванов.

 

„Честитајќи Ви го празникот, дозволете, уште еднаш да ја истакнам важноста од празнувањето на историско-културолошкото и епохално значење на светите браќа како во однос на светската историја, така и во однос на словенството“, порачува Иванов во својата честитка по повод Денот на македонските и сесловенски просветители./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија5 минути

Левица: Клековски наместо да се извини, им држи лекции на докторите и ги обвинува дека зборуваат за лајкови

Во момент кога Гостивар се соочува со една од најтешките здравствени катастрофи, министерот Клековски не најде за потребно да се...

Забава17 минути

(Видео) Халанд славеше роденден на Азурниот брег со најблиските

Ерлинг Халанд ја искористи паузата пред новата сезона за да го прослави својот 26-ти роденден на Азурниот Брег. Норвешкиот напаѓач...

Култура52 минути

Со проекција на документарни филмови, во шест населени места заврши 17. Патувачко кино на „МакеДокс“

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните...

Спорт2 часа

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија2 часа

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт2 часа

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника2 часа

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет2 часа

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија2 часа

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...