Контакт

Daily news

Иницијатива: Граѓаните со потписи бараат спас од извршителите

Објавено пред

Неколку организации покренаа иницијатива со која бараат да запре присилната наплата од граѓаните, потоа ревизија на работата на извршителите, нотарите и доверителите, како и утврдување на реален и нереален долг.  Акцијата за собирање потписи денеска започна во Скопје, а ќе биде спроведена и низ цела Македонија.

Зад инцијативата „Стоп за извршителите“ освен ‘Но пасаран’ застанаа и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и „Гласен текстилец“ од Штип кои се орагнизатори. Тие велат дека граѓаните се ставени во должничко ропство и дека не можат ниту основните сметки да ги платат, а не па услугите на извршителот. Бараат од премиерот, Зоран Заев, да си остане на зборот кога им ветил решавање на проблемот.

„Ова е грабеж, граѓаните се ограбени и обесхрабрени. Владата и пратениците ќе мораат да изберат меѓу стотина извршители и сто илјади граѓани. Се надевам дека Владата ќе застане на страна на граѓаните“, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на  синдикални организации во Македонија. Марјан Ненов, од „Но пасаран“, вели дека извршителите се само една алка во организираниот криминал кој се спроведува против граѓаните.

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“ пред два дена побараа измени на законот за извршување и замрзнување на сите извршни одлуки врз физички лица, поради ревизијата на работата на извршителите и на целиот судски процес во текот на извршната постапка.

 

 

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија3 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион4 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија5 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија6 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија6 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија6 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија9 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија10 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ13 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион14 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет14 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија15 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион15 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија15 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија2 дена

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Досие