Daily news
Катар не го потпишува договорот за борбените авиони F-15, вреден 21 милијарда долари
Вооружената зделка на Саудиска Арабија со САД за речиси 110 милијарди долари го остави во сенка договорот со Катар наменет за купување на 72 повеќе наменски борбени авиони F-15QA чија вредност изнесува 21 милијарда долари. Овој договор е пред неуспех, а компанијата Боинг многу се потпираше на оваа зделка, открива изданието Дифенз Њуз.
Договорот, беше одобрен од Барак Обама, кој беше постигнат по долги преговори, кои завршија во ноември 2016 година. Со него корпорацијата Боинг можеше да го задржи производството на овој тип авиони, а на Вашингтон да ги одржува своите сунитски сојузници против Иран.
САД испратија официјално писмо до Доха за дозвола на продажбата, но оттаму не го потпишуваат документот, кој се врзува како меѓувладин договор и ја формализира продажбата.
Продажбата на Катар и на Кувајт на големите нарачки на борбени авиони F-15QA и F / A-18E / F , тогаш беа голем успех за Боинг, бидејќи би се дозволило да се зачуваат производните линии за генерацијата на авиони “4+” F-15E и F / A- 18E / F, кои се прават во фабриките во Сент Луис.
Без овие договори линијата за производство на F-15E треба да биде затворена во 2019 година – по реализацијата на саудискиот договор за борбени авиони F-15SA, а линијата за F / A-18E / F – во 2020 година по исполнување на договорот за морнарицата на САД.
Пентагон ги држеше производствените линии во живот како “осигурување” против континуираните проблеми со Lockheed Martin F-35.
Од Боинг се уште се надеваат дека договорот ќеа биде потпишан. Но, Катар веќе склучи договор со Франција, кој е во вредност од 6,3 милијарди евра за купување на 24 авиони Dassault Rafale, со опција за уште 12 авиони.
Почетокот на испораката треба да започне во средината на 2018 година со темпо еден авион на месец. Ако Доха ги купи предметните 72 авиони F-15QA, таа во своите воздухопловни сили ќе има 96 современи нови авиони. Се претпоставува дека тие имаат конфигурација, блиска до онаа на саудиските F-15SA.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
