Daily news
Косово ќе прави војска во соработка со Албанија и со Хрватска?
Аљбин Курти, противкандидат на Рамуш Харадинај за премиер на Косово, тврди дека новата влада во Приштина ќе „формира армија во партнерство со Албанија и со Хрватска“.
Според неговата изјава за Клан Косова, претходните иницијативи за формирање армија наишле на меѓународна осуда. Затоа, како што тврди Курти, неговата евентуална влада нема да ги изненади меѓународните фактори туку ќе ги изненади злосторниците.
„Веднаш ќе почнеме со формирање армија, но тоа не може тоа да се направи преку ноќ“, изјави лидерот на движењето „Самоопределување“, доколку тој формира влада.
Тој нагласи дека нема косовска војска без разговори со Тирана и без разговори со НАТО.
„Нема смисла косовската војска да се формира на изненадување на нашите партнери и сојузници“, потенцира Курти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
