Контакт

Daily news

Кoлкава пензија ќе добива Франсоа Оланд?

Објавено пред

 

Во понеделник Франсоа Оланд се приклучува на компанијата на поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен, Жак Ширак и Никола Саркози и како нив ќе добива импресивна пензија, пишува весникот “Фигаро”.

 

Согласно законот од 1955 година поранешните претседатели на Франција добива плата, изедначена на онаа на државен советник, или 5.164 евра.

 

Кон оваа прва пензија може да се додаваат уште 14. 000 евра на месец, но отако ќе се пресметаат сите одбитоци на сумата, односно во неговата пензија влегуваат и различните пензии  добиени од претходните  позиции или вработувања.

 

Во случајот на Оланд тој би требало да добива вкупно нето над 15 000 евра месечно.

 

Сумата е збир од четири различни пензии – како поранешен претседател на Републиката (5164 евра нето), поранешен пратеник (6208 евра нето), поранешен советник во Судот на ревизори (3473 евра нето) и поранешен претседател на департаментниот совет (235 евра нето).

 

Покрај тоа, како сите поранешни претседатели, Франсоа Оланд ќе добие декориран и опремен службен стан, со две лица сервисен персонал, како и службен автомобил со двајца возачи. Кон ова се додаваат и двајца полицајци, кои деноноќно ќе стражарат и седум соработници за тековни работи.

 

Сепак  во октомври 2016 година, на иницијатива на Оланд  со декрет се намалени придобивките односно по петтата година од заминувањето на Елисејската палата се предвидува постепено намалување на бројот на соработниците.

 

Тогаш постојаните соработници се намалуваат од седум на тројца, а телохранителите од двајца на еден. Друга лоша вест за идните поранешни француски претседатели  е тоа што веќе нема да можат да се возат бесплатно со државните железници.

 

Побараните од Оланд реформи се резултат на многуте полемики околу огромните трошоци за поранешни претседатели.

 

Според проценките на пратеникот социјалист Рене Дозиер годишната сума на материјалните трошоци за тројцата живи поранешни претседатели Валери Жискар Дестен (3,9 милиони евра), Жак Ширак (2,4 милиони евра) и Никола Саркози (3,3 милиони евра), достигнува вкупно околу 10 милиони евра.

 

А, во оваа сума не влегуваат месечната пензија на поранешниот претседател, ниту платата која во моментов ја добива Валери Жискар Дестен, како член на Уставниот суд.

 

Рене Дозиер смета дека реформата на Оланд треба да биде проширена и да се прекинат  материјални издршки на поранешните претседатели и тоа по пет години по завршувањето на нивниот мандат. Прашањето станува уште итно земајќи предвид дека новиот претседател Емануел Макрон, ако не биде реизбран, ќе започне да добива пензија на 44-годишна возраст, забележува “Фигаро”.. Крај/мф/кс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт5 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет6 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет6 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет6 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет6 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет6 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет7 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...