Daily news
Макрон исвиркан во родниот град
Францускиот претседателски кандидат Емануел Maкрон бeше исвиркан од страна на тврдокорни приврзаници на Марин Ле Пен, откако „падна“ во политичката заседа што му ја приреди таа, за време на “хаотичната” посета на една фабрика во неговиот роден град Амиен.
Макрон, кој беше во планирана посета на гратчето со намера да разговара со претставниците на една фабрика што има проблеми, се разминал таму со неговата ривалка Марин Ле Пен, која ненајавено ја посетила фабриката пред него.
Освен што го изложи на конфронтација со нејзините приврзаници, Ле Пен потоа изјави дека одлуката на Макрон да се сретне со претставниците на работниците зад затворени врати само го покажува неговото “непочитување” на нивната мака.
Тоа го принуди Макрон да ги смени плановите и да се приклучи на демонстрантите во живо на телевизија. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
