Контакт

Daily news

Маневски: Македонија тоне во корупција, правдата е селективна

Објавено пред

„Република Македонија тоне во корупција, а правдата во земјата е селективна. Корупцијата цвета, а функционерите од власта се недопирливи за органите на кривичниот прогон. За само осум месеци од доаѓањето на власт на СДСМ и коалицијата со ДУИ, Македонија падна во однос на индексот на корупцијата од 66. на 90. место. Тоа е влошување за цели 24 места, со што Република Македонија се става во друштво со некои африкански држави“, изјави денеска Михајло Маневски на прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, осум месеци власта нема преземено ниеден случај, ниеден чекор во борба против корупцијата. „Најавата на Зоран Заев дека двајца членови на  Владата се осомничени за корупција остана само фрлена мамка во јавноста, без реална завршница. Повеќе од три месеци нема никаква трага во врска со наводната истрага, а граѓаните се сомневаат во искреноста и вистинитоста на изјавата на Зоран Заев. Сомнежите не завршуваат само тука. Во екот на преговорите со Република Грција за името на државата фирмата на потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев, одеднаш стана предмет на интерес на грчкото електростопанство, и тоа само за неколку дена откако Кочо Анѓушев рече дека за него е прифатливо името Нова Македонија, Горна или Северна Македонија“, вели Маневски.

Според него, корупцијата и сомнителното работење станаа заштитен знак на Владата на СДСМ. „Кривичната постапка против Зоран Заев за кривичното дело „Поткуп“ на 200.000 евра не се одлепува од мртва точка. Повеќе од две години смислено се одложени 19 рочишта, кои надвор од правната логика се одлагаат на неколку месеци. А јавноста знае дека за случаите од СЈО рочиштата се закажуваат и по 2 и по 3 пати неделно. Случајот „Цареви Кули“ за противзаконската легализација на угостителски објекти со злоупотреба на положбата изградени по донесувањето на Законот за легализација на дивоизградените објекти не е ни почнат иако во јавноста излегоа многубројни докази за сторено кривично дело. Тоа ли е владеење на правото, тоа ли е еднаквост на граѓаните пред законот кој треба да важи за други, но не и за Зоран Заев. Тоа ли е борбата против корупцијата?“, вели Маневски додавајќи дека широко распространетата корупција и немањето волја од страна на државните органи за борба против неа ја уназадува државата, ја руши демократијата и го девалвира владеењето на правото. Сето тоа ја одвраќа Република Македонија од чекорите кон ЕУ и НАТО и ја зацементира на дното.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ28 минути

Младо момче добило лажна порака да се сретне со девојка, па било однесено во куќа во Ѓорче и претепано

Хорор во скопската населба Ѓорче Петров. Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен...

Македонија41 минута

Обвинителството со детали: Кумановката добила 4.000 евра за бебето од брачната двојка, а кога го барала назад не и’ го враќале – притвор за сопружникот и мајката

Обвинителството донесе наредба за истражна постапка против пет лица, во случајот со родилката од Куманово која и’ го дала своето бебе...

Македонија3 часа

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени во споредба со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите...

Економија4 часа

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании...

Свет4 часа

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари...

Македонија5 часа

Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу бргу на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, и седум дена по скандалот во Собранието, е на ставот дека не погрешила и нема...

Македонија5 часа

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го...

Свет6 часа

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија6 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија7 часа

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...

Македонија8 часа

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет9 часа

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде што воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа9 часа

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа10 часа

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет10 часа

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет10 часа

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет11 часа

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „американото“ стана „канадијано“

Во незапаметено прикажување на националното единство Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет21 час

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет22 часа

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ23 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...