Контакт

Daily news

ММДЧП: Привремената влада на Македонија да спречи формирање коалиција СДСМ/ДУИ и да објави датум за нови избори

Објавено пред

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), согласно Уставот на Република Македонија  бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав, додаваат од ММДЧП.

dobivaj vesti na viber

 

„На коалицијата којашто има поддршка од Западот не смее да ѝ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател на собранието не смее да биде прифатено бидејќи е спротивно на сите парламентарни правила, вклучувајќи го и недоволниот број гласови и сето тоа одлуката ја прави неуставна. Не смее да се дозволи денационализацијата на Македонија, којашто претставува закана за промена на името, идентитетот, знамето, химната и грбот, сè во име на барањата на Тиранската платформа, којашто беше изработена во Албанија, под патронат на албанскиот премиер. САД и ЕУ бесрамно се мешаат во внатрешните работи на Македонија. На странски влади не смее да им се дозволи да владеат во друга држава“, порачуваат од организацијата.

 

„Уште откако Македонија стекна независност, ММДЧП им забележуваше на двете најголеми политички партии што му дозволуваа на Западот да ја диктира внатрешната политика, но му забележуваше и на Западот да ја контролираат Македонија заради свои интереси. ММДЧП отфрла секаква квалификација дека станува збор за избор на ‘левица или десница’, односно ‘СДСМ или ВМРО’. Овде станува збор за македонски национални и човекови права. Од нашите извештаи за спорот со името произлегува дека ние сме против ВМРО, а последните наши извештаи звучат дека сме против СДСМ. Не е точно, ниту едното, ниту другото. Ние сме против  која било партија која не дејствува на начин кој е во најдобар интерес на Македонија и на македонскиот народ“, велат од ММДЧП.

 

„ММДЧП повторно бара од привремената влада во Македонија да го протера американскиот амбасадор Бејли и секој друг што се меша во внатрешните работи на Македонија. Го повторуваме и нашиот апел до Македонија да престанат да бараат ‘дозвола’ од САД и Европската Унија за секоја политичка одлука, затоа што токму тие држави и институции го поткопуваат суверенитетот и опстојувањето на независноста на државата. Го повторуваме и нашето барање за нелегално избраниот претседател на собранието, Талат Џафери, и за сите други кои беа амнестирани од гонење за воени злосторства, веднаш да се покрене постапка и да одговараат за злосторствата што ги направиле. ММДЧП го повторува барањето до администрацијата на Трамп веднаш да ја примени политиката која самите тие ја пропагираа – да се стави крај на странскиот интервенционизам – што би значело и ставање крај на мешањето во Македонија и на кризата која беше создадена од Стејт департментот и од американската амбасада во Македонија“, додаваат од организацијата.

 

„ММДЧП бара од Западот и од западните медиуми коректно да известуваат за кризата во Македонија и, наместо да го оспоруваат легитимитетот на Македонија и македонскиот народ, да ги бранат и да ги поддржат нашите права како Македонија и како Македонци. Независно дали се работи за мрзливост, за наивност или за неинформираност, извештаите на западните медиуми ги третираа едните протести како про-западни, одбивајќи објективно да известат за кризата за Македонија и за непартиските масовни протести. Здравиот разум вели дека секој етникум би се бранел од напади коишто го загрозуваат неговото постоење. Во конкретниов случај, Македонците се тие што се бранат себеси од нападите на нашите „традиционални“ угнетувачи и, за жал, од САД и Западна Европа. Здравиот разум и одговорни новинари би ги принудиле западните медиуми да информираат за вистината за македонската криза“, заклучуваат од ММДЧП, додавајќи дека „привремената влада на Македонија има моќ да стави крај на оваа криза и ММДЧП ја повикува да реагира веднаш и без колебање“./крај/мф

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Формирано одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на...

Македонија13 часа

Кабинетот на Сиљановска ќе побара објаснување од Радев за знамето

Реакции во земјава предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија, каде...

Свет17 часа

Поплави во Европа: Во Романија има мртви, во Чешка стотици евакуирани

Во Европа беснеат поплави, а веќе има и жртви. Пет лица загинаа во источна Романија, а десетици останаа заглавени во...

Македонија20 часа

(Видео) Директорите од СДСМ и ДУИ во болниците набавувале лекови кои не се на листата на ФЗО, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Здравството со СДСМ и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста, изјави пратеникот...

Македонија21 час

Четворица битолчани и една фирма предизвикале пожари во Битола, полицијата поднесе кривични пријави

Битолската полиција до Обвинителството поднесе пет кривични пријави против четири лица и една фирма по член 288 од КЗ за...

Македонија23 часа

Заврши јавниот повик за проекти за општините, ќе бидат доделени 250 милиони евра

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Од...

Свет24 часа

Астронаутите кои останаа заглавени во вселената се обратија до јавноста: „Не се чувствуваме изневерени“

Двајцата астронаути на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, кои ќе останат во вселената до 2025 година, рекоа дека е...

Регион1 ден

(Видео) Снимен драматичниот момент од авионската несреќа во Бугарија: авионот веднаш се запали, две лица загинаа

Во воздухопловната база Граф Игнатиево во Бугарија денеска се случи катастрофа кога за време на изведување на многу тежок маневар...

Македонија2 дена

Времето утре: Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен...

Македонија2 дена

(Видео) Сиљановска: Да сум апсолутен монарх можам да кажам ќе го сменам Уставот, јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не зависи од мене. Да сум апсолутен монарх, можам да кажам ќе...

Македонија2 дена

„Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители“, велат од СДСМ

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа...

Македонија2 дена

Паднаа првите казни: три компании продавале училишен прибор за повисока цена од замрзнатата

Инспекторатот затекна три компании кои не ја почитувале одлуката за замрзнување на цените на училишниот прибор. Првата компанија е трговец...

Македонија2 дена

Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини „Вреди“ и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција

Коалицијата „Вреди“ соопшти дека стартува со серија прес-конференции со кои на јавноста ќе и предочат информации за  политичка корупција, во...

Економија2 дена

Поевтинувањето на земјоделските прехрамбени производи од следната недела

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на  маржите, најави министерот за...

Македонија2 дена

Радев пред средбата со Сиљановска: Очекуваме Северна Македонија да ги исполни своите обврски, нека се вратат на реализмот

Владата на Република Северна Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Ова им го порача...

Македонија2 дена

Мали се шансите Арсовска да добие од унгарските пари за нови автобуси, Перински нагалси дека замислата на проектот не е набавка на средства

Нема да остане локална самоуправа што не аплицирала за средствата што Владата ги нуди за подобрување на инфрастуктурата, рече денес...

Македонија2 дена

Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, почната истрага

Според веб-страницата за следење летови „Флајтрадар 24“, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на...

Регион2 дена

(Видео) Падна првиот снег и во Хрватска: вклучени се сите метеоролошки аларми на Јадранот, се закануваат и поплави

Утрово, во Хрватска, на Платка, падна првиот снег годинава. Во остатокот од утрото снегот ќе продолжи да паѓа на Платка,...

Македонија2 дена

Алијансата за Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот...

Свет2 дена

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC. Земјотресот е регистриран на 32...