Daily news
Могерини: Еу сака соработка со Русија во борбата против тероризмот
Европската унија е заинтересирана за соработка со Русија во неколку аспекти, вклучително и во борбата против тероризмот и решавањето на кризата во Сирија, изјави виоската претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини во Моксва.
На состаннокот со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, Могерини нагласи дека Москва и Брисел имаат одредени несогласувања во врска со ситуацијата во Украина и за прашања поврзани со Крим. Меѓутоа, пред ЕУ и Русија се заеднички предизвици и „постојат теми за кои е можна соработка“.
„Пред нас се заеднички проблеми поврзани со борбата против тероризмот. Сакам уште еднаш да потврдам дека е наш интерес соработката за чувствителни прашања. Имаме навистина широк спектар прашања за дискусија“ – рече Могерини.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
