Контакт

Daily news

Молк за истрагата за несреќата во која учествуваше Тони Цетински

Објавено пред

Обвинителството во Пула и полицијата молчат за текот на истрагата за сообраќајната несреќа во која познатиот музичар Тони Цетински прегази 62-годишен маж. Сè уште не се откриваат детали за случајот, дали жртвата веќе лежела на асфалтот или Цетински удрил во мажот и го прегазил.

dobivaj vesti na viber

Обвинителот Влатко Ивандриќ одговарајќи на прашањето за резултатите од обдукцијата на телото на загинатиот во несреќата што се случи минатата недела во Ровињ, изјави дека во согласност со Законот за казнената постапка и Законот за јавното обвинителство истражната постапка е тајна.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила кога 48-годишниот Цетински, вртејќи во непрегледна кривина со својот „мерцедес“, удрил во 62-годишниот маж.

Портпаролката на истарската полиција, Наташа Витасовиќ, според медиумите, не сакала да изнесе никакви детали за резултатите од одбукцијата и новинарите ги упатила да побараат одговори во обвинителството кое е надлежно за истрагата.

По несреќата, Цетински се обрати до јавноста и напиша: ,,Пријатели. Се борат за тебе. Те почитуваат. Те вклучуваат. Те храбрат. Им требаш. Те заслужуваат. Стојат покрај тебе“.

Според првичните информации од истрагата, Цетински не бил под дејство на алкохол кога се случила несреќата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје10 часа

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет11 часа

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ12 часа

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија14 часа

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет15 часа

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет16 часа

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ16 часа

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија17 часа

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ17 часа

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија19 часа

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија19 часа

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...

Свет1 ден

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет1 ден

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...

Топ1 ден

Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево. Според информациите од...

Македонија1 ден

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Собранието ја одржа 39. седница, тематски посветена на статусот и правата...

Свет1 ден

Целосен пресврт – Трамп и се закани на Русија со остри мерки до мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз...

Македонија2 дена

Болните не треба да плаќаат паркинг, Таравари и Владата да ги заштитат граѓаните, а не приватникот, има решенија, вели Лазаревски, експертот за ЈПП

Договор во кој приватникот треба да изгради две монтажни катни гаражи и да одвојува еден отсто од годишниот приход за...

Економија2 дена

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три...

Македонија2 дена

Филков: Не смееме да дозволиме жртвите на кривични дела со насилство да останат без заштита, а насилниците да бидат неказнети

На третиот правосуден форум за родова рамноправност на Западен Балкан, министерот за правда, Игор Филков, порача дека нема напредок во...