Контакт

Daily news

Најнов биланс, 22 лица загинаа во нападот во Манчестер

Објавено пред

Најновите извештаи за терористичкиот напад во Манчестер, по концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде, велат дека се убиени 22 лица,а над 50 се повредени. Меѓу настраданите има и деца.

Експлозијата одекнала синоќа околу 22:30 часот, по само неколку минути откако американската ѕвезда ја напуштила сцената.

Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс утрово изјавил дека напаѓачот кој ја активирал бомбата, исто така загинал и дека тој сам го извел нападот, пренесува Гардијан.

Се претпоставува дека тој „носел импровизирана експлозивна направа“ и дека истрага ќе утврди дали тој бил дел од некоја терористичка мрежа.

Британските медиуми наведуваат дека досега никој не ја презел одговорноста за нападот, но дека истиот можеби бил најавен преку социјалните мрежи.

Очевидци велат дека експлозијата одекнала додека луѓето ја напуштале „Манчестер арена“. Потоа настанал вистински хаос.

„Беше тоа голема експлозија, можевте да ја почувствувате во коските. Беше хаотично. Сите трчаа и врскаа и единствена цел им беше да излезат надвор“, изјавија за агенцијата Ројтерс, Кетрин Мекфарлајн.

Припадниците на Исламската држава, на социјалните мрежи, со воодушевување го поздравиле нападот, а некои повикаа на слични кации.

Британските политички партии се согласиле дека поради нападот во Манчестер треба на неодредено време да ги прекинат предизборните кампањи, воочи изборите кои треба да се одржат на 8.јуни.

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, во вторникот, изјавила дека властите работат на утврдување на деталите за експлозијата која се смета за „терористички напад“.

Доколку ова се потврди тогаш се работи за најсмртоносен терористички напад на територијата на Велика Британија од јули 2005 година кога четворица британски муслимани убија 52 лица во бомбашките напади во лондонското метро.

Премиерката Меј во 9 часот ќе одржи итен состанок со владата и преставниците на специјалните и антитерористичките единици. крај/мф/нц

Најново

Спорт2 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија3 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет25 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized30 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет52 минути

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...

Македонија1 час

Денеска заладување и дожд, потоа повторно сонце

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска, а локално врнежите ќе бидат проследени со невреме,...

Свет12 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет12 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....