Daily news
На критиките од ЕУ Хашим Тачи одговори со навреди
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, продолжи со офанзивните реакции на критиките од страна на претставници на ЕУ, кои сметаат дека неговите изјави за национално обединување на Албанците се закана при што ги нарече „одвратни ” пријателските односи на ЕУ со Белград“.
“Пријателските односи меѓу официјалните претставници на ЕУ и Белград и ваквите изјави се многу досадни, одвратни и неприфатливи за Косово, особено поради непотребното доцнење со визната либерализација”, рече Тачи во изјавата за приштинскиот весник “Експрес газета”. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
