Контакт

Daily news

На Македонија и е неопходно членство во силни меѓународни сојузи – ЕУ и НАТО немаат алтернатива

Објавено пред

На Македонија и е неопходно да стане членка на силни меѓународни сојузи како ЕУ и НАТО бидејќи за малите земји тоа е практично единствениот начин  да ги осигураат сопствениот опстанок и развој. Ова е заедничкиот заклучок на учесниците на дебатата со работен наслов: „Креирање и (или) реконцептуализација на надворешна-политичка стратегија на мали и средни држави“ организирана од Дипломатскиот клуб во Скопје. Во дадениот историски момент кога се рекомпонираат односите меѓу големите сили, во услови на криза во ЕУ, повторна појава на популистички и националистички идеологии, војните на Блискиот исток и мигрантската криза, за малите држави е најважно да го пронајдат своето место во геополитичкиот простор од каде ќе можат да ги остваруваат политичките и економски стремежи без притоа да настрадаат.

dobivaj vesti na viber

 Префосорот на Правниот факултет во Скопје и поранешен шеф на дипломатијата Љубомир Фрчкоски смета дека во овие околности македонската дипломатија и Министерството за надворешни работи воопшто не ја оставруваат својата задача бидејќи, како што рече, само се обидуваат да го одбранат неодбранливото, односно со пропаганда сакаат да ја поправат паднатата демократија во земјава. Професорот смета дека за разлика од 2005 година кога беше прва во регионот, Македонија сега е на исто ниво со Косово и тој факт не може да се брани иако пропагандата со сите сили е впрегната во тој обид. Според него, во надворешната политика постои извесно двојство, од една страна номинално се поддржува членството во ЕУ и во НАТО а од друга буквално се што се работи е против номиналните заложби. Негов предлог за идната влада е веднаш да го намали бројот на вработени во МНР бидејќи таму “во моментов има 600 луѓе кои не работат ништо и се дипломатски аматери“. Потребно е намалување на амбасадите и конзуларните претставнишва, кои главно се полупразни а служат само за вработување на партиски членови. Фрчкоски предлага заеднички конзулати со соседните земји и целосно укинување на економските промотори, бидејќи тие, по негово уверување, чинат многу а од нив  нема апсолутна никава корист. Професорто бара супстанцијална реформа на македонската дипломатија и реструкција на односите прво со западните партнери, а потоа и со соседите, при што особено е важно суштинско обновување на односите со Бугарија и Албанија и поврзување по Коридорот осум.

 

Словенечкиот амбасадор во Република Македонија Милан Јазбец истакна дека во меѓународните односи малите држави имаат предност со тоа што можат да бидат флкесибилни но затоа се лесно ранливи па затоа безбедноста и развојот мора да им бидат на прво место. Зборувајќи за искуствата на неговата земја амбасадорот рече дека не смее да има никакви дилеми околи интеграцијата во ЕУ и НАТО при што реформите кои треба да се спроведат „не треба да бидат цел сама за себе туку од нив треба да произлезе квалитет“ односно треба да придонесат за посттигнување на реален стандард на една држава.

 – Нам ни требаа 10 години за да влеземе во ЕУ и НАТО. Процесот е многу тежок и бара многу напор, но е неопходен. Членството во ЕУ е единствен одговор и за него нема алтренатива“ рече словенечкиот амбасадот Милан Јазбец.

Неговиот холандски колега Ваутер Пломп во своето излагање рече дека Холандија долгата дипломатска традиција ја заснова на концептот: Мир, профит и принципи. Истакна дека ЕУ е од есенцијална важност за заеднички пазар и заеднички принципи, околу што во неговата земја има апсолутен консензус. Пломп е на мислење дека актуелната криза во ЕУ повеќе е прашање на скептицизам кон Брисел отколку кон унијата како таква. Убеден е дека Западниот Балкан полека се враќа во топ агендата на европските лидери при што извесно влијание има мигрантската криза, како и обидите на Русија да го наметне своето влијание во регионот но пред се во прашање е „чувството во Брисел дека останала незавршена работа на Балканот“. Како доказ дека вратата останува отворена тој го потенцираше примерот на Црна Гора која доби покана за членство во НАТО и наголемо ги води преговорите за прием во ЕУ.

 

Шведскиот амбасадор  Матс Стафансон зборуваше за неутралната позиција која неговата земја ја негува со децении и векови нанзад, што е одрден начин за остварување на интересите на малите и средните земји, но сепак потенцираше дека Шведска со одлуката конечно да влезе во ЕУ пред дваесетина години направила одличен избор а и со НАТО има најдобар можен однос, кој некогаш би можел да премине во формално членство во оваа воена алијанса. Инсистираше дека за разлика од други земји каде европскептицизмот е во пораст, во Шведска напротив се посилно е уверувањето дека ЕУ е неопходна ако Европа сака мир и напредок.

 На дебатата зборуваше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски кој исто како и професорот Фрчкоски се задржа на актуелните случувња во македонската дипломатија. Рече дека деценија нанаад се случуваат ретроградни процеси кои се условени од надворешни фактотри, во прв ред од неконзистентноста на политиката на ЕУ кон Скопје и од грчките барања поврзани со нашето уставно име, како и од внатрешни фактори меѓу кои најштетни се партизацијата на институциите и на дипломатијата и ставањето на партиските над државните интереси. Поради тоа, предупреди амбасадот Марковски, Македонија се соочува со изолација и на некој начин станува „заробена држава“.

 

Драган Милосављевиќ

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија10 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија11 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ13 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија13 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија14 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија14 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија16 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион17 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија17 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа18 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет18 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа19 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет20 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет20 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа20 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет20 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија2 дена

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...