Daily news
На протестите во Иран притворени 465 демонстранти, откако загинаа 25 лица
Иранското обвинителство соопшти дека 465 луѓе биле притворени низ целата земја за учество на антидржавните протести кои започнаа пред три недели, при што загинаа 25 луѓе.
Техеранскиот обвинител изјави дека 440 учесници на протестите кои биле притворени се ослободени од притовор само во последните денови, а 55 се уште се во притвор во главниот град. Иранскиот парламент соопшти дека дел од демонстрантите, особено студентите, треба да бидат ослободени, но дека лидерите на протестите ќе бидат казнети. Протестите започнаа поради економските тешкотии со кои се соочуваат младите и работничката класа во Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
