Daily news
Нова книга: „Опис на градот“ од рускиот писател Дмитриј Данилов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/unnamed-2-1.jpg)
Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ деновиве го објави романот „Опис на градот“ од рускиот писател Дмитриј Данилов. Станува збор за книга која раскажува за дванаесет повторни посети на еден град, не премногу далеку од Москва, со одлична железничка конекција. Иронично допадлив и на места урнебесен обид за опис на еден град преку извонреден наративен дискурс. Преводот од руски го направија Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов, а е реализиран со финансиска поддршка на Федералната агенција за печатени и масовни комуникации во рамки на програмата „Култура на Русија (2012-2018).
Писателот Данилов е автор на четири романи и добитник на Меѓународната награда Letterare Citta di Cattolica во 2016 година.
Данилов пишува за просечен индустриски град со советска патина и многу малку туристички атракции. Луѓето одат на шопинг, престојуваат во хотелите, патуваат со автобус, трамвај… Но, овој опис на градот нема никаква врска со туристички тури, со имиња, адреси, работно време на музеи, хотели, ресторани и слично. Во овој град нема речиси ништо посебно да се види, да се доживее, да се забележи. Токму поради тоа Данилов е заинтересиран не за она што е посебно, туку за вообичаеното. Затоа, овој град е негов избор.
Градот се оди, истражува, опишува, така што станува „крв и месо“ на крајот, според зборовите на нараторот Данилов. И тоа на две нивоа: на нараторот и на читателот оддалечен од безимениот град. И двете се чини ги менуваат улогите во бизарна мимикрија. На крајот, како читател веќе немате чувство дека го придружувате нараторот во неговите прошетки низ градот, ами наместо тоа чувствувате дека вашата прошетка низ градот е во придружба на нараторот. Описот на градот ве учи да истражувате простори и да се откривате во нив.
Авторот е роден во Москва во 1969 година. Прозен писател познат по документаристичкиот стил податлив со неизвесност и сув хумор. Ја почнал кариерата како новинар и патеписец. Освен четири романи, Данилов е автор и на две збирки со кратки раскази. Негови текстови се објавени во списанија во САД, Холандија, Белгија и Италија. Тој е и главен уредник на официјален блог за голема автомобилска компанија. Живее во Москва. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_The_Business_of_Pleasure_2.jpg)
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/1-1-3.jpg)
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/gruevski-sud.jpg)
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.