Контакт

Daily news

Нуклеарката „Остров три милји“ треба да биде затворена до 2019 година

Објавено пред

Нуклеарната централа Остров три милји, објект во кој се случи најтешката нуклеарна несреќа во САД, мора да биде затворена до септември 2019 година бидејќи не е доволно исплатлива, соопшти во вторник компанијата што ја управува.

„Екселон Корпорејшн ќе ја затвори порано од предвиденото својата централа Остров три милји на 30 септември 2019 година“, наведе компанијата преку соопштение.

Централата која има само еден активен реактор по несреќата во 1979 година, вработува 675 луѓе од кои повеќето ќе бидат отпуштени.

Понатаму во соопштението компанијата ја обвинува државата Пенсилванија за непреземање на потребните мерки за поддршка на нуклеарната индустрија, за разлика од другите држави, како Њујорк и Илиноис.

Компанијата и забележува на државата дека не ја вклучила нуклеарната енергија во својот план за поддршка на алтернативната енергија.

Запирањето на нуклеарните централи во Пенсилавнија би го зголемило загадувањето на воздухот, би ја ослабнало електричната мрежа, би ја зголемило цената на енергијата за потрошувачите и би укинало милиони добро платени работни места, нагласува компанијата. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет14 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија15 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија16 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија17 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија20 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура20 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион21 час

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет21 час

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија21 час

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет21 час

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт22 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа22 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет22 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет22 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион22 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија1 ден

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија2 дена

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија2 дена

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Досие