Daily news
Опозицијата во Црна Гора побара од владата да го повлече признавањето на независноста на Косово
Еден од главните опозициски лидери во Црна Гора, Небојша Медојевиќ, ја повика владата да ја заштити границата со Косово и да го повлече признавањето на независноста балканска земја, пренесе Балкан Инсајд.
Причина за повикот на Медојевиќ е фактот дека властите во Приштина повторно го одложија гласањето во парламентот на договорот за демаркација на граничната линија меѓу Косово и Црна Гора.
Опозицискиот лидер, претседател на проруска партија „Демократски фронт”, изјави дека Подгорица треба да го повлече признавањето на независноста на Косово со цел да ги заштити своите национални интереси и достоинството на земјата.
Реакцијата дојде откако владата на косовскиот премиер Иса Мустафа беше распуштена по гласањето на пратениците за недоверба, којашто беше поднесена од косовската опозиција.Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
