Контакт

Daily news

Општина Центар ја усвои одлуката за запирање на 31. ДУП

Објавено пред

Советот на Ппштина Центар со мнозинство гласови ја усвои одлуката за запирање на спроведувањето на 31. детален урбанистички план. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа „против“ иако дискутираа дека не се противат на преиспитување на ДУП-овите.

Со одлуката, појаснуваат од Општината, нема да се постапува по новоподнесените барања со кои почнува управна постапка за издавање одобренија за подготвителни работи и постапките за издавање одобренија за градење, доградба и надградба.

„Одлуката ја предложи градоначалникот Саша Богдановиќ. ДУП-овите што се донесени главно во времето кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ и некои од нив се носеа во ноќните часови, не се целосно изработени според законските обврски и правила и се појавуваат недостатоци во урбанистичко-планската документација, која не е во согласност со Генералниот урбанистички план“, велат од Општината.

Богдановиќ наведе дека тие ДУП-ови се носени на јуриш, и тоа во декември 2012 пред да биде донесен Генералниот урбанистички план.

„Претходно донесениот мораториум е краток за да се направи анализа на деталните урбанистички планови и да се овозможат законитост во постапувањето и правна сигурност на жителите на општина Центар, а особено поради неопходната потреба за усогласување на планската документација со законските обврски и фактичката состојба“, стои во образложението.

 

Најново

Македонија4 минути

(Видео) Ангелов: Вчера беа нападнати пожарникари, инцидентот е пријавен во полиција

Во текот на вчерашниот ден се случи непријатен инцидент. Првите двајца пожарникари коишто пристигнаа со помало противпожарно возило кај објект,...

Македонија19 минути

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален...

Култура31 минута

Агенцијата за филм ги „ѕирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија37 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија1 час

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија1 час

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија1 час

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија2 часа

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет2 часа

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...