Контакт

Daily news

Охрид доби нова пешачка патека

Објавено пред

Од денеска Охрид и официјално доби нова пешачк- рекреативна  патека, на потегот од  од Кошишта, преку Лабино до Канео, со два краци кон плажата Лабино, Воска и Даљан.

dobivaj vesti na viber

Патеката е долга 2,7 километри, преку Мосот на желбите се поврзува со крајезерските улици, а преку нов со шеталиштето на градскиот кеј и натаму преку Студенчички мост и новоизградената патека, се до туристичките зони во населбата Свети Стефан.

Кога станува збор за вакви слободни зони за пешаците и рекреативците, Охрид, без сомнение е во самиот врв кај турситичките дестинации во светот.

Патеката, со сечење на лента, официјално ја предаде во употреба градоначалникот Нкола Бакрачески, кој нагласи дека станува збор за реализација на еден од подобрите и покорисни проекти на локалната самоуправа и претставува нов квалитет во понудата за рекреација, спорт и уживање во прекрасните пејсажи.
– Првичниот фидбек е одличен, досега нема ниту еден лош коментар што е потврда дека граѓаните со консензус го одбруваат овој проект и се задоволни од реализацијата. Тоа за нас е поттик и мотивација дека ваквите проекти треба да продолжат. Тоа беше и наша замисла, за граѓаните да најдиме начин, преку нашите надлежности, да создадеме нешто поради кое луѓето ќе излегуваат, се рекреираат, спортуваат и заеднички се дружат и споделуваат животни искуства и градат меѓусебна доверба рече Бакрачески.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател...

Македонија5 часа

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот...

Топ6 часа

Силувана малолетничка во Скопје

Вчера во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека 23-годишниот М.К. од Скопје извршил...

Топ7 часа

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ9 часа

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија9 часа

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија11 часа

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија12 часа

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...

Топ13 часа

Три лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Росоман – Кавадарци

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Росоман-Кавадарци. Две oд...

Македонија14 часа

Законот за пасошите, законот за игрите на среќа и изборот на член на ДИК на дневен ред во Собранието

Денес на дневен ред на седница на Собранието се измените на Законот за патни исправи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие...

Македонија14 часа

Владата донесе одлука за приоритетно издавање пасоши за сите професионални возачи

Владата, синоќа на седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба...

Македонија14 часа

Вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за известување за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на...

Македонија15 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Дебар и околината

Земјотрес синоќа во 23 часот и 37 минути ја погоди Албанија. Потресот бил со рихтерова магнитуда од 3,2 степени, на...

Македонија1 ден

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија1 ден

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија1 ден

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија1 ден

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија2 дена

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија2 дена

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија2 дена

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...