Контакт

Daily news

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Објавено пред

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА), ќе се одржи в сабота во водите на Охридското Езеро. Учеството на 31. издание на маратонот, кој се плива на патеката „Климе Савин“, чија должина е 30 километри, го пријавија 22 пливачи (15 во машка и 7 во женска конкуренција).

dobivaj vesti na viber

„На нас како Општина Охрид, како институција што се грижи за најголем дел од културните и спортските манифестации, ни припадна честа да бидиме главни организиратори, со што ќе ги преземеме финансиските обврски и логистиката и техничката организација. Ние и сите фактори во организацијата ќе дадеме сè од себе и ова 31. издание на маратонот да биде организирано на високо ниво, онака како што налага долгата традиција на оваа спортска манифестација која преставува еден од амбасадорите на Охрид и нашата држава“, рече на прес-конференцијата охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Минатата година во машка конкуренција победи Томи Стефаноски, а во женска триумфира Русинката Олга Козидук. Оваа година учеството на мартонската трка го пријавија тројца Македонци – Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

„Не сакам да се навраќам на тоа што се случи минатата година, но добро е што извлеков поука и научив многу работи. Сигурно дека тоа ќе биде мотив повеќе за мене и нескромно најавувам дека одам на победа. Со години во Охрид сум во потесниот круг, а сега сум и во добра форма и нема потреба да ги кријам моите амбиции“, рече Поп-Ацев, кој триумфира на маратонот пред две години.

Преставникот на ФИНА на пливачите им посака мирно езеро, добро здравје и добра трка. Охридскиот маратон е трет и претпоследен во Гран при серијата. Светскиот куп во отворени води завршува во Капри, Наполи, на почетокот од септември.

Инаку, покровител на маратонот е претседателот на државата, Ѓорге Иванов, главен организиратор е Општина Охрид заедно со Пливачката федерација на Македонија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортските федерации во Македонија.

Наградниот фонд и оваа година изнесува 10.000 американски долари.

фото/ohridnews.com

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да...

Македонија15 часа

Матичните бараат да им се одврзат рацете за рано да откриваат ретки болести: имаме ограничен пристап до лабораториски анализи

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по...

Топ15 часа

Пукање среде бел ден во угостителски објект во Чаир, маж застрелан во ногата

Маж бил застрелан во ногата во угостителски објект вчера на пладне во скопската населба Чаир. „Полицијата го приведе А.К.(36) од...

Македонија16 часа

Укинат притворот за шестемина осомничени за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, достави предлози...

Македонија17 часа

Ковачевски ја праша опозицијата кое им е мислењето за уставното име: Или Северна или никогаш Северна, ако си маж, биди маж до крај

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека рокот на траењето на патните исправи за меѓународна употреба е согласно закон, усогласен...

Македонија18 часа

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници, кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се...

Македонија18 часа

На Ковачевски не му е незгодно што побарал апанажа, вели: сѐ е според законот

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој беше во посета на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ Желино, на прашањето дали не му...

Македонија19 часа

Бараме масивна поддршка од Албанците за Османи за да ни се овозможи да го измениме Уставот, вели Арбер Адеми

„Демократска Унија за Интеграција, како што најави во текот на вчерашниот ден лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи...

Македонија21 час

Прилепчанецот што исчезна пред два дена пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Александар Јошески од Прилеп, кому му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат. На „Фејсбук“ се огласи и...

Македонија22 часа

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“. Повредите на Македонката, како...

Свет23 часа

Израел испраќа тим предводен од шефот на Мосад на преговори во Париз

Воениот кабинет на Израле денеска испраќа преговарачки тим во Париз. Тимот ќе го предводи шефот на Мосад, Дејвид Барнеа. Тие...

Македонија23 часа

Бојмацалиев на граница ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши: апелира, граѓаните навремено да ги поднесат барањата за промена на пасошите

Синоќа, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, на граничниот премин Богородица ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши демонстрирајќи...

Македонија23 часа

ДПМНЕ и министерот за внатрешни целосно го заглавија процесот на вадење пасоши, велат од СДСМ

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши, оценуваат од владејачката СДСМ. Од една страна,...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ги затворија граѓаните во својата држава, пратениците на СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста на пасошите

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот...

Европа23 часа

(Видео) Голем пожар зафати зграда во Шпанија, има загинати и исчезнати

Најмалку 4 лица загинаа во голем пожар кој зафати зграда во шпанскиот град Валенсија. Повредени се 14 лица, меѓу кои...

Свет23 часа

(Видео) Верижен судир на повеќе од 100 возила на автопат во Кина, неколку повредени

Неколку лица се повредени во Кина, во верижен судар во кој учествувале повеќе од 100 автомобили, јавија денеска кинеските државни...

Македонија2 дена

Коалицијата Вреди: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

„Изјавата на Ахмети за „големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени...

Македонија2 дена

Застарува предметот „Моќник“, во кој е обвинет Антонијо Милошоски

Предметот „Моќник“, во кој е обвинет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, застарува, соопшти Кривичниот суд. „Поради интерес на медиумите и...

Македонија2 дена

Синдикатот ги повика пратениците: Не гласајте измени со кои судската администрација нема да добие покачување на платата од 2.000 денари

Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација, Јасмина Величкова, ги повика пратениците да не ги гласаат законските измени со кои...

Македонија2 дена

Лекарската комисија не дала прецизно мислење од што треба да се лекува Леонид, Фондот за здравство вина гледа и во законот

Вината за случајот со младиот Леонид, Фондот за здравство ја гледа во првостепената лекарска комисија која го донела конзилијарното мислење,...