Контакт

Daily news

Побједа: Москва ги прогласи Ѓукановиќ и Марковиќ за персони нон грата

Објавено пред

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, претседателот на црногорското Собрание Иван Брајовиќ и претседателот на црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ се само некои од имињата кои се наоѓаат на „црната листа“ на официјален Кремљ, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.

Според црногорскиот весник, повикувајќи се на дипломатски извори, на оваа листа се и министри и пратеници кои се залагале за членството на Црна Гора во НАТО. Од црногорското Министерство за надворешни работи е најавено дека до руското министерство ќе биде испратена молба за да им се достави список од непожелни лица, но „Москва ниту има обврска, ниту намера за да ѝ ја обелодени таа листа на Црна Гора“.

Извор на „Побједа“, близок до руската дипломатија, тврди дека на „црната листа“ се сите членови на владата, пратениците, односно оние 46 пратеници кои гласале за Протоколот за пристапувањето кон НАТО, како и директори на поголеми државни компании.

„Списокот содржи имиња од најмалку 79 лица кои Москва ќе ги задржи на аеродромските пасошки контроли. Дури и пратениците од опозицискиот Демократски фронт ќе бидат проверувани кога ќе влегуваат во земјата“, рекол истиот извор.

Дневникот „Ден“, пак, во вторникот објавил дека на „црната листа“ се и членови на претседателвото на ДПС, 14 од нив, што значи и премиерот Душко Марковиќ, министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ, вицепремиерот Милутин Симовиќ и уште неколку други лица./крај/мф

Најново

Свет3 минути

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува поголемо домашно производство на нафта и гас за да се намали зависноста од...

Македонија20 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија35 минути

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија43 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника56 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија60 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија1 час

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура2 часа

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...