Контакт

Daily news

Поплавите и земјотресите го зголемија интересот за осигурување

Објавено пред

Задолжителното осигурување од автоодговорност бележи најголемо учество во вкупното неживотно осигурување кое и најмногу се нуди на осигурителниот пазар, покажаа податоците презентирани на прес-конференција во Стопaнската комора. Ова осигурување учествува со 44 отсто во вкупното неживотно осигрување. Од останатото осигрување 17,8 отсто отпаѓа на имотното осигурување, 8,7 отсто на каско осигурувањето и 11 отсто на осигурувањето од незгоди.

Директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, рече дека во земјава сѐ уште не се размислува за проширување на листата на задолжително осигурување. Од вкупно 69.000 потпишани договори за осигурување имот 17.064 го содржат ризикот поплава и 9.190 ризикот земјотрес. Лани осигурителните компании за штети од поплави исплатиле околу 35 милиони денари или околу 600 илјади евра, додека пак исплатената штета од земјотреси е минимална. Регистрирани се осум случаи на пријавена штета од земјотрес кои имале позитивен епилог за осигурениците, а уште осум случаи чекаат да бидат решени.

И покрај ваквите податоци, осигурителниот бизнис во земјава бележи умерен раст, а расте и понудата на нови сегменти во осигурувањето. „Лани е остварена бруто полисираната премија од 8,7 милијарди денари и е остварен пораст од 5,34 отсто. Најголемиот дел од полисираната премија или 7,43 милијарди денари отпаѓа на неживотното осигурување во кое најголем придонес има автоодговорноста“ рече Попоски.

Во текот на 2016 година пак се склучени 1,29 милиони договори за осигурување. Вкупно 13.733 од нив се за животно осигрување, додека пак 1.300 договори се за здравствено осигурување. Во земјава има 15 осигурителни компании, а само 4 од нив нудат животно осигурување. Вкупно 45 отсто од продажбата на полисите овие компании го вршат самите, додека 25 отсто од продажбата на полиси се реализира преку брокери. Остатокот е на други канали за продажба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

(Видео) Американските астронаути слетаа на Земјата

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен слетаа во водите недалеку од брегот на Флорида. Спасувачкиот брод „Гоу Навигатор“ овозможи...

Регион10 часа

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија10 часа

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија15 часа

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија16 часа

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија17 часа

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија18 часа

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Топ19 часа

Mладо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото...

Свет19 часа

Во Мелбурн воведен шестнеделен ноќен полициски час

Во австралиската држава Викторија, чијшто главен град е Мелбурн, е прогласена состојба на катастрофа, а властите воведоа ноќен полициски час...

Македонија21 час

Вино од Македонија најдено во шишиња со хрватски етикети

Инспекцијата на хрватскиот Државен инспекторат во голема акција за борба против трговијата со фалсификувана храна и пијалоци, кај пет хрватски...

Македонија22 часа

Свеченостите за Илинден годинава без масовни собири

Поради пандемијата на Ковид-19, свеченостите по повод државниот празник Илинден, годинава ќе се одржат во посебни услови во согласност со...

Македонија1 ден

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

Министерот за здравство, Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за време на одморите. „Ти си на одмор, но вирусот...

Македонија1 ден

Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во...

Македонија1 ден

Штип зад Скопје по бројoт на активни случаи со коронавирус, регистрирани се 16 новозаразени

Во Штип денеска беа регистрирани 16 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во градот порасна на 431 лице....

Регион1 ден

Земјите од регионот бележат високи бројки на новозаболени од коронавирус

Во дел од земјите од регионот и денеска беа регистрирани високи бројки на новозаболени од коронавирус. Рекорден број заразени во...

Европа2 дена

Коронавирусот влезе во австриската влада

Австриските власти соопштија дека еден од вработените во Владата е позитивен на Ковид-19, но тој не работел непосредно со канцеларот...

Македонија2 дена

Регистрирани 138 новозаболени, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на...

Економија2 дена

Синдикатите и здруженијата бараат итно повлекување на одлуката за поскапување на струјата

Група синдикати и здруженија побараа од Регулаторната комисија веднаш да ја повлече Одлуката за поскапувањето на струјата. Зад барањето стојат Синдикат на...

Топ2 дена

Маж пронајден починат со повреда на главата

Скопјанец на возраст од 84 години, синоќа бил пронајден починат на улицата Ѓорѓи Сугаре. Полициските службеници констатирале дека мажот имал...

Досие