Контакт

Daily news

Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе

Објавено пред

Денеска ненадејно почина Ѓорѓи Бисерков Дампе, македонски театарски и филмски актер и долгодишен член и соработник на Велешкиот театар.
Бисерков е роден во 1941 година во Велес. Од 1960-1964 година вработен е како член на ансамблот на Народниот театар „ЈХК-Џинот“ во Велес, а од 1975 во истиот е ангажиран како постојан надворешен соработник.
Негови позначајни актерски остварувања на театарската сцена се Мирко во „Кула вавилонска“, Мане во „Зона Замфирова“, Љубомир во „Покојник“, Луков во „Црнила“, Теодос во „Чорбаџи Теодос“, Војводата во „Суд“, Кандилов во „Кукавичино јајце“, Жика во „Сомнително лице“, Кајгана во „Женидба“, Зганарел во „Дон Жуан“, Астров во „Вујко Вања“, Гласникот во „Антигона“, Осип во „Ревизор“, Гласникот во „Ифигенеја во Авлида“, Корифејот во „Бакхи“, Гегата во „Сердарот“, Трговецот во „Филоктет“, Полковникот во „На полковникот нема кој да му пишува“, Клопен Тројфу во „Ѕвонарот на богородичната црква“ и Гласникот во „Орест“.
Бисерков играше и во некои од најзначајните македонски филмови како „Среќна нова 49-та“, „Јазол„, „Хај фај“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“, „Македонска сага“ и „Големата вода“.
Погребот ќе се одржи утре, на гробиштата кај Црквата „Свети Спас“ во Велес. крај/мф/

dobivaj vesti na viber

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија10 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија10 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија11 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија14 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија15 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ16 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ16 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија16 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија17 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет17 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија17 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет18 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет19 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет19 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет19 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ2 дена

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија2 дена

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...